Македонија

ВМРО ДПМНЕ: „Чесната и скромна“ Мојсоска од Левица за само два месеци зела 162 илјади денари од партиската каса!

ВМРО-ДПМНЕ посочува дека Јована Мојсоска не е изолиран случај и оти целото раководство на президиумот на Левица посегнало по партиски пари.

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Јована Мојсоска, пратеничката од Левица и кандидат за градоначалник на општина Струга, и целото раководство на нејзината партија за, како што се наведува, лицемерие и прикриено користење партиски пари, спротивно на јавната претстава, што ја градат за нив. 

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека додека Мојсоска и Левица јавно се претставуваат како „чесни, скромни и неподмитливи“, а зад затворени врати инкасираат значителни суми на пари од партиската каса. „Тие се целосно разобличени и демаскирани“, се наведува во денешното соопштение на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ се повикува на информација од „свиркачи“ од Левица, во која се тврди дека Мојсоска на 26 април 2024 година зела 123.000 денари, а на 3 февруари 2023 година – 96.862 денари. Дополнително, во јуни и јули годинава, во три наврати, таа зела по 54.000 денари.

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Мојсоска не е изолиран случај и оти целото раководство на президиумот на Левица посегнало по партиски пари. „Нели е лицемерно од една страна да глумите некакви аскети, а од друга страна да ја цедите својата политичка партија?“ – прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Нетпрес

Најнови вести од: Македонија

Стопанската комора со план за економски развој на Зелениково и Чучер-Сандево, ќе има и нови инвестиции

Стопанската комора на Северна Македонија ќе им обезбеди поддршка на општините Зелениково и Чучер-Сандево за поттикнување на локалниот економски развој, подобрување на деловната клима и искористување на европските фондови. Меѓу приоритетите се развојот на руралниот и алтернативниот туризам, унапредувањето на инфраструктурата и формирањето заедничка бизнис-заедница.

(Фото+Видео): Мицкоски со „Дојче Телеком“ во Бон разговараше за можни инвестиции

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека разговорите со раководството на Германскиот Телеком во Германија биле насочени кон можностите за нов инвестициски циклус во Македонија, не само во телекомуникацискиот сектор, туку и во области со висока додадена вредност.

(Фото): Блокирани 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање

Во согласност со доставениот налог, посочува Министерството, АЕК е должна во рок од пет дена од неговото добивање да го проследи до операторите на електронски комуникациски мрежи. Операторите треба веднаш да постапат по налогот и да го ограничат пристапот до наведените веб-страници, со прикажување соодветно известување за причината за блокирањето.

To top