Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче е уценет да спроведува бугарска агенда?

За СДС и Филипче, уставните измени не се прашање на државен интерес, туку само чекор кој треба да го направат за да дојдат на власт, па затоа постојано се додворуваат на Румен Радев и Бугарија

Јавноста се изнаслуша изјави дека СДС се подготвени да ја редефинираат македонската историја, а Филипче гордо вели дека тој ќе ги спроведел уставните измени и со месеци прави напори да се доближи до Бугарија, а во процесот го релативизира македонскиот идентитет, се вели во денешнто соопштешние од ВМРО-ДПМНЕ во кое се потсетува дека „најголемите национални предавства и порази се случија токму додека СДС беше власт: промена на името, промена на знамето, уставни измени, и сите овие оставија последици врз националното достоинство.

Од СДС повторно, дури и во опозиција, испраќаат пораки дека се подготвени на нови отстапки, е вели во денешното соопштение.

„За СДС и Филипче, уставните измени не се прашање на државен интерес. За нив тоа е само чекор кој треба да го направат за да дојдат на власт, па затоа постојано се додворуваат на Румен Радев и Бугарија.

Јасно беше дека воопшто не им е битна Македонија, македонските граѓани, ниту пак македонските интереси, откако Филипче ги усогласи своите ставови со бугарското МНР, иако позициите на Софија за евроинтегративниот пат на  Македонија остануваат и понатаму непроменети и цврсти.

На Филипче не му е проблем да прифати наративи кои го доведуваат македонскиот идентитет, историја и јазик во прашање. Не му е проблем да потпише дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, и да ја редефинира историјата.

Наместо тоа, од СДС се занимаваат со промовирање на нови програми, која Филипче помпезно ја најавуваше и која ја рефлектира нивната хипокризија, дека ќе се борат против се она што токму тие самите го правеа додека беа на власт.

Под маската на европска перспектива, Филипче и СДС се обидуваат да соберат поени и да остават подобар впечаток во Софија. СДС се бори за обезличена Македонија.

На СДС им пречи тоа што оваа Влада води политика заснована на заштита на националните интереси и достоинството на државата. Им пречи тоа што Македонија има јасни позиции, а не политика на постојани отстапки и попуштања.

ЕУ гледа на Макдонија како држава која е сериозна, која работи на модернизација и која има сериозна намера да напредува, и се позиционира како одговорна држава и позитивен пример во регионот.

Но останува едно прашање, на кое што СДС и Филипче не даваат одговор. Зошто толку упорно инсистираат на уставни измени без гаранции, и се залагаат за исполнување на туѓи агенди.

Која е причината поради која Венко Филипче не отстапува од оваа агенда и со што е уценет? – прашуваат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

МНР: Навредливи се и провокативни изјавите на Демерџиев и Радуков за Михајлова – тоа е директно мешање во внатрешните работи на македонската држава!

На средбата, како што соопшти МНР на Република Македонија, било изразено незадоволство од неодамнешната изјава на министерот за внатрешни работи на Република Бугарија, Иван Демерџиев, во врска со случајот со Ива Михајлова, која беше оценета како навредлива и провокативна.

Поетот Никола Маџиров: Не е најболно тоа што победниците ја пишуваат историјата — туку тоа што тие ги тераат понижените да ја читаат

„Сведоци сме дека сите војни почнуваат со тргување на историите и митовите, а потоа почнуваат одземањата на личните приказни, веднаш штом ќе се исцртаат новите поствоени граници. Моите предци одлучиле да им биде одземен домот наместо личните приказни и така ме задолжија да се сеќавам без да мразам, да пишувам без да верувам во изделканите истории. Затоа што постојат личните приказни прераскажани од гласовите што не се составени од коски, туку од вистини кои не можат да се кремираат или да се изложат пред црвите на времето“, вели најуспешниот современ македонски поет, чија поезија стана препознатлив дел од модерната светска поетска сцена, без да мора читателот прво да знае многу за Македонија.

Дете (13) тепано брутално од 15 малолетници на плоштадот во скопско Влае и со метален предмет – скршени му се забите и нанесени сериозни повреди

Тринаесетгодишно дете било физички нападнато од група малолетници во скопската населба Влае, а според неофицијалните информации, нападот бил толку брутален што детето останало со сериозни повреди, меѓу кои и искршени заби. Според сведоштва, во тепањето бил употребен и метален предмет. Нападот се случил во саботата, на плоштадот „Делфина“, околу 00:30 часот. Според информациите што се […]

Огромното значење на „Македонскиот манифест“ на Бистришки за посебноста на македонскиот народ сега кога се прогласува дека е бугарски и воздухот, што го дише! (3)

Статијата на Васил Ивановски – Бистришки со наслов „Зошто сме ние, Македонците, одделна нација?“, објавена во 1934 година, е еден од најзначајните и најтемелните историски документи во 20 век за афирмација на македонскиот национален идентитет и за правилното и целосно решавање на македонското прашање во Балканот. Македонски историчари аргументираат дека е таа текст од клучно значење за македонскиот народ, исто како и „За македонцките работи“ на Крсте Мисирков.

Претседателе Филипче, до кога ќе се правиме дека сè е во ред?

Ако и по сите порази, предупредувања и разочарувања не сме подготвени искрено да се погледнеме во очи и да признаеме дека нешто сериозно не функционира, тогаш проблемот е многу подлабок од еден изборен резултат, реагира актуелниот координатор на СДСМ за општинските организации во третата изборна единица, Ацо Велковски

Најнови вести

To top