Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Дали СДС ги злоупотребила службите за безбедност и разузнавање да го следат и прислушуваат Мицкоски со знаење на Коцевски

Злоупотребата на државните институции за партиски и политички цели е познат начин на делување на СДС, кој тие редовно го применуваат

Злоупотребата на државните институции за партиски и политички цели е познат начин на делување на СДС, кој тие редовно го применуваат. Овој пат, разликата е во тоа што тие ги искористија клучните институции задолжени за безбедноста на граѓаните и државата, поддржани од судско-обвинителската власт, за да служат на партиските интереси, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според информациите, СДС, предводена од Зоран Заев и Венко Филипче, ги злоупотребила Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност за да го следат и прислушуваат претседателот Христијан Мицкоски, новинари, бизнисмени и други јавни личности. Во периодот од 2019 до 2024 година, овие служби, наместо да работат за интересите на државата, биле ставени во служба на СДС за да спроведуваат политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, да го замолчат гласот на новинарите и да вршат притисок врз бизнисмени.

Доказите укажуваат дека претседателот Мицкоски бил неосновано ставен под оперативна обработка од страна на безбедносните служби, управувани од кадри на СДС, како Виктор Димовски, Заре Милошески и Еролд Муслиу. Неговата комуникација, движења и активности биле следени со цел негова политичка елиминација. Овие активности се спротивни на уставните права за слобода на говор, движење и делување, гарантирани за сите граѓани на Македонија. Таквите методи на злоупотреба на безбедносните институции се карактеристични за тоталитарни режими и се спротивни на демократските принципи на развиените западни земји.

Она што дополнително предизвикува загриженост е молкот на Јавното обвинителство, иако, според ВМРО-ДПМНЕ, постојат детални информации поддржани со факти и докази. Од партијата бараат Јавното обвинителство итно да покрене истрага и да побара одговорност од раководителите на овие институции во тој период, како и од нивните политички наредбодавци во СДС. Покрај тоа, се поставуваат прашања дали актуелниот главен јавен обвинител, Љупчо Коцевски, имал улога во надгледувањето на издавањето на ПИМ мерките од 2019 до 2024 година. Исто така, се бараат одговори за тоа како се користеле прислушуваните материјали, дали биле употребени за уцена на новинари и бизнисмени или за тргување со влијание.

ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека е очигледно зошто СДС не го поддржа разрешувањето на Коцевски, сугерирајќи дека неговата позиција можеби е награда за неговата улога во спроведувањето на овие мерки. Исто така, се нагласува дека Венко Филипче останува опкружен од истите лица кои учествувале во злоупотребата на државните институции, а кои сега се дел од понудата на СДС.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

Владата ги испрати Кривичниот законик и законот за кривична постапка во Брисел на мислење

Министерството за правда на Владата на Република Македонија ги достави Нацрт-кривичниот законик и Нацрт-законот за кривичната постапка до Европската комисија за мислење, со што продолжува процесот на сеопфатна реформа на казненото законодавство и негово усогласување со европските стандарди.

Претседателот на Уставниот суд на РМ Костадиновски за политичките притисоци: Не смее да ја диктираат правдата

Наша должност е да им одолееме на политичките притисоци и да ја држиме политиката во рамките на правото – порача денеска во Охрид претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Тој оцени дека Уставниот суд е единствената институција што треба да обезбеди политиката и државните органи да ги почитуваат уставните и законските рамки.

To top