Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да си ја консолидира партијата, наместо да глуми грижа за граѓаните

Мекото ткиво на македонската идентитетска политика олицетворено во Филипче нека не се грижи за граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на соопштението на Социјалдемократски сојуз на Македонија, обвинувајќи дека опозицијата неосновано ја критикува Владата за економските политики и стандардот на граѓаните.

Од владејачката партија порачаа дека раководството на СДС, предводено од Венко Филипче, наместо да изразува загриженост за граѓаните, треба да се фокусира на, како што велат, консолидирање на сопствените редови.

Во реакцијата се наведува дека Владата веќе презела конкретни мерки по случувањата на Блискиот Исток, вклучително и намалување на ДДВ за нафтените деривати од 18 на 10 проценти, како и нивелирање на акцизите за дизелот и бензините.

Дополнително, според ВМРО-ДПМНЕ, институциите континуирано ја следат состојбата на енергетските пазари и вршат анализи за движењето на цените, при што се очекува и ново намалување на цените на горивата.

„Мекото ткиво на македонската идентитетска политика олицетворено во Филипче нека не се грижи за граѓаните, туку да си ја консолидира партијата“, се наведува во реакцијата.

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Цената на дизелот ќе се намали за 2,5, на бензинот за 1,5 денари

цената за евросупер 95 ќе биде 82 денари за литар, за евросупер 98 – 84 денари, а дизел годивото ќе се точи за 95,5 денари, а во овие цени не се пресметани поспустите од 2 односно 3 денари што ги обезбедува Окта за своите коминтенти

To top