Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчи за бугарските провокации и работи на штета на државата

Филипче беше дел од структурата на СДС која ги распродаде македонските национални интереси, структура која го понижи македонскиот идентитет, го доведе во прашање јазикот и историјата

Филипче со месеци се обидува да ја изгради својата јавна слика врз европски вредноси, но само кога тие принципи можат да се употребат за да ја критикува сопствената држава, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа најдобро се гледа во неговиот однос кон бугарски провокации и постапки што директно ги засегаат македонските национални интереси.

Филипче доследно молчи на секоја бугарска провокација која ги засега македонскиот идентитет, јазик и историја.

Тој го премолчи и овој дипломатски скандал Бугарија, со кој беше направен дипломатски преседан каде беа објавени документи со безбедносни информации поврзани со претседателот на Владата.

Филипче беше дел од структурата на СДС која ги распродаде македонските национални интереси, структура која го понижи македонскиот идентитет, го доведе во прашање јазикот и историјата, и потпишуваше бланко листови наместо да ги брани македонските позиции.

Македонскиот народ го памети тоа и неговиот суд го изрече на изборите. Свесен дека во Македонија повеќе нема политичка иднина, Филипче ја пресмета ситуацијата и ја сврте политичката калкулација кон Софија очекувајќи дека добрите односи со бугарските власти ќе му донесат поддршка која не може да ја најде кај сопствениот народ.

Граѓаните очекуваат дека секој што претендира да ја води државата мора да ги брани и државните интереси, а нема да дадат поддршка на Венко Филипче, кој уште веднаш би го продал идентитетот и би ја редефинирал македонската историја, кој ги брани бугарските позиции и работи за туѓи агенди, се за да дојде на власт“, се вели во соопштението.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top