Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Натаму владејачката македонска партија истакнува: Побрза талогот на СДС да поднесе кривична пријава за лица кои, како раководители на институции итно преземаа мерки и активности за решавање на проблемот и во рекорден временски рок ги санираат последиците. Токму поради брзата интервенција на институциите кои ги набројува мали Фрчко, гостиварци веќе извесно време имаат техничка вода во нивните чешми и набрзо ќе имаат и бактериолошки исправна вода за пиење.

А во меѓу време, од првиот ден на појавување на проблемот, благодарение на брзата интервенција на Владата, граѓаните на Гостивар се снабдуваат со бесплатна флаширана вода за пиење. За разлика од сега кога се преземаат мерки, се известуваат граѓаните и проблемот со водата се решава, во периодот на власт на талогот на СДС, граѓаните на Гостивар свесно беа оставени бавно да се трујат.

Околу 400 испитувања на водата за пиење во Гостивар периодот на власт на СДС, кога Венко Филипче беше министер за здравство покажале неисправна вода за пиење. Резултатите се криеле, граѓаните не биле известени да не ја консумираат и не биле преземени никакви мерки и активности од ниедна институција, ниту на локално, ниту на централно ниво за решавање на проблемот.

Така да, му порачуваме на Фрчкоски да му поднесе кривична пријава на Филипче за системското и свесно труење на граѓаните, а не на овие коишто во рекорден рок го решаваат проблемот и состојбата ја ставаат под контрола, наведува ВМРО ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top