Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Герасимовски и СДС манипулираат со родителите и најмладите, наместо дефектолози ќе се вработуваат партиски војници!

„Герасимовски и СДС манипулираат со чувствата на родителите и најмладите, за да се скријат од деценија расипништво во општина Центар. Кога се крати од сите развојни програми на општината за да се платат судски трошоци од милиони евра, прво решение што му текна на Герасимовски е вработување партиски кадри.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Натаму владејачката македонска партија истакнува: ВМРО-ДПМНЕ не е против нови вработувања, онаму каде што е потребно. Но, тоа не смее да биде алатка за ублажување на гневот и разочараноста на Центарци. Мора да биде процес кој е транспарентен, со добро образложение и оправданост.

Моментот на оваа одлука се поклопува точно со судската пресуда, Центар да врати 2,5 милиони евра оштета на градежна компанија од Гостивар, поради раскинување на договор за изградба на катна гаража. Јасна е целта.

Ако Герасимовски четири години раководи со општината, а СДС повеќе од една деценија, и проблемот со недостигот на технички персонал и дефектолози е толкав колку што го опишува, вистинското прашањето е зошто овој недостиг не е решен со време, туку се актуелизира токму сега, наведува ВМРО ДПМНЕ во свето соопштение.

Најнови вести од: Македонија

Јанкуловски: Македонија веќе не молчи пред понижувањата од Бугарија околу македонскиот идентитет и јазик, туку бара почит од неа и ЕУ!

„Понижувањето што го трпиме од соседна Бугарија не е само последица на конфликтот околу нашиот идентитет, јазик и култура. Тоа е тактика во дипломатијата. Но, соочени со очекувањето на нови понижувања и свесни дека тие ќе продолжат, новата власт во Македонија бара почит и достоинство во односите со другите држави, и, секако, со Европската Унија. И, замислете, Македонија веќе не молчи пред понижувањата.“ – нагласува универзитетскиот професор д-р Звонимир Јанкуловски во својата колумна со наслов „Понижување и срам – време за достоинство“, која ја објави информативната агенција „Нетпрес“.

Панов: На оспорувањата на македонската историја не одговараме со зборови, туку со историски документи и проверливи факти

Институтот за национална историја денеска ги промовираше резултатите од проектот проектот „Извори за историјата на Македонија – тематска целина религија“. Оваа колективна монографија е замислена како долгорочен макропроект, структуриран во повеќе тематски целини, насочени кон прибирање и критично проучување на историската граѓа за Македонија, проширување на документарната основа и отворање нови истражувачки прашања. Ова го објави „МКД.мк.“

To top