Македонија

ВМРО ДПМНЕ: СДС, ДУИ и Таравари го штитат Лимани, кој не се чувствувал виновен за загрозеното здравје на илјади граѓани

„Опозицијата е морално капитулирана и без никаков компас. Она што се случи во Гостивар, токму поради неажурноста и незаинтересираноста на локалната власт, предводена од Валбон Лимани, покажа колку коалицијата СДС, ДУИ и Таравари не се грижи за граѓаните.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Натаму владејачката македонска партија истакнува: Да не беше градоначалник од нивните, редови веднаш ќе држеа прес-конференции и ќе бараа одговорност. Но, бидејќи е градоначалник од нивните редови, кој патем самиот изјави дека не чувствува никаква грижа за тоа што здравјето на неколку илјади граѓани го стави во опасност, од опозицијата нема никаква осуда. Така на пример, СДС се занимава со извртување информации и собирање дневно-политички поени, со ширење неточни и непрецизни информации се обидува и од оваа криза да извлече нешто за себе.

Коалицијата СДС, ДУИ и Таравари преку молк се обидува да си го заштити својот политички комодитет. Оттука, може да заклучиме дека на површина исплива нивната политичка беда и дека им пропадна фасадата дека се борат за правда.

Институциите работат и ќе ги утврдат фактите, а секој што има одговорност за овој случај ќе мора да сноси соодветни последици согласно законите, порачува ВМРО ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Јанкуловски: Македонија веќе не молчи пред понижувањата од Бугарија околу македонскиот идентитет и јазик, туку бара почит од неа и ЕУ!

„Понижувањето што го трпиме од соседна Бугарија не е само последица на конфликтот околу нашиот идентитет, јазик и култура. Тоа е тактика во дипломатијата. Но, соочени со очекувањето на нови понижувања и свесни дека тие ќе продолжат, новата власт во Македонија бара почит и достоинство во односите со другите држави, и, секако, со Европската Унија. И, замислете, Македонија веќе не молчи пред понижувањата.“ – нагласува универзитетскиот професор д-р Звонимир Јанкуловски во својата колумна со наслов „Понижување и срам – време за достоинство“, која ја објави информативната агенција „Нетпрес“.

Панов: На оспорувањата на македонската историја не одговараме со зборови, туку со историски документи и проверливи факти

Институтот за национална историја денеска ги промовираше резултатите од проектот проектот „Извори за историјата на Македонија – тематска целина религија“. Оваа колективна монографија е замислена како долгорочен макропроект, структуриран во повеќе тематски целини, насочени кон прибирање и критично проучување на историската граѓа за Македонија, проширување на документарната основа и отворање нови истражувачки прашања. Ова го објави „МКД.мк.“

To top