Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Каде исчезна Венко Филипче?

Има ли СДСМ лидер на партијата или на непочнати избори „кормиларот“ го напушти бродот кој тоне?

 

Каде испари Венко Филипче, се крие ли од македонската јавност или сфатил дека се наоѓа пред дебакл и нема што да понуди?- прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ од каде посочуваат дека јавноста не го видела цели 20 дена а последен пат во земјава е виден на 2 август за прославата за Илинден во Крушево.

„Додуша, за волја на вистината, во меѓувреме се појавија фото и видеоснимки како ужива луксузно пловење низ Грција на скапа јахта со неговиот ментор, Зоран Заев за која ни Филипче ни неговата партија, ако е негова, не одговорија со чии пари е купена.

Претходно кога го снема исто Филипче повторно беше со Заев, ама тогаш на друго луксузно патување во Дубаи, од каде што си набавија златни визи, за кои, исто така, не добивме конкретен одговор како се набавени.

Од владејачката партија велат дека се чини оти „луксузните забави и бизниси со Зоран Заев на Филипче му се поинтересни и приоритетни, наспроти водењето на партијата.

Или, пак, можеби Филипче уште сега се спрема за дебаклот и големиот пораз кој го чека на локалните избори, па тренира бегање од јавноста“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Очекувам во јунскиот извештај на ЕУ да бидеме најдобри исто како во декемврискиот, има уште време за разговори со опозицијата за изборниот закон

Премиерот Христијан Мицкоски денеска повтори дека очекува во јунскиот извештај на ЕУ да бидеме најдобри исто како и во декемврискиот. Тој уште еднаш повика на разговори со опозицијата за Изборниот законик, за што кажа дека се уште има шанса да биде донесен и да биде исполнет и десетиот чекор од зададениот грејс период.

Денес се одбележуваат великото дело и личноста на Свети Наум Охридски, еден од основоположниците на македонската и сесловенската писменост (1)

Денес Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и сиот македонски народ, не само оние, кои се православни христијански верници, го одбележуваат црковно-народниот празник, посветен на личноста и великото дело на Свети Наум Охридски – Чудотворец, еден од основоположниците на македонската и сесловенската писменост и просвета, заедно со светите браќа Кирил и Методиј, како и со Св. Климент. Свети Наум Охридски останува запаметен како исцелител и просветител на македонскиот народ, но како и заштитник на манастирот „Св. Наум“ во Охрид. Охридската книжевна школа, како најстара средновековна македонска книжевна школа, е формирана во 886 година од Свети Климент Охридски. Во 893 година на Климент му се придружува Свети Наум Охридски, откако Климент е назначен како епископ. Во рамките на Охридската книжевна школа биле обучени повеќе од 3.500 ученици и таа одиграла клучна улога во описменувањето, како и во ширењето на македонската и словенската писменост и култура.

Најнови вести

To top