Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Колку години теба за да складираш 30 тони марихуана

За да се складира толку дрога, колку што беа запленети, треба да помине процес од околу четири до пет години, а тоа значи дека фирмата на Котев противзаконски работела уште од времето кога Филипче и Заев беа власт

 

Со последните сомнежи и индиции за нелегално производство и трговија со марихуана, дуото Филипче и Заев, се надградиле со вмешаноста во наркопазарот.

Филипче гордо сликан поранешниот функционер на СДС, човек близок до Заев, Тони Котев, вистински сопственик на фирмата ЦБД Медплант за медицинска марихуана, која од своите почетоци работи со пропусти, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Наспроти тврдењата на Филипче дека додека тој бил министер се било во ред и дека фирмата работела прописно, информациите кои стигнаа до нас го говорат спротивното. Односно, за да се складираат 30 тони дрога, колку што беа запленети, треба да помине процес од околу четири до пет години, а тоа значи дека фирмата на Котев противзаконски работела уште од времето кога Филипче и Заев беа власт.

ЦБД Медплант, исто така, лиценца за медицински канабис доби токму од Заев и Филипче во 2020 година, во период кога сакаа да ја легализираат марихуаната и со тоа државата да ја направеле светска туристичка дестинација и на голема врата ја промовираа продажбата на цвет од канабис.

За потоа, во 2023 година по нивна насока да се смени подзаконски акт, односно Правилникот за одгледување марихуана.

Дали поради сето ова, денес Заев и Филипче се преправаат дека не го познаваат лицето Тони Котев, со кој до вчера, додека им течел бизнисот, гордо, рамо до рамо се сликаа.

Се плашат ли Филипче и Заев од целосно расчистување на случајот и дали се точни нашите информации дека двајцата имаат удел во бизнисот со марихуана, па толку голема им е паниката?

Затоа ли патувањето на Филипче кон Грција и јавувањата на Заев кон поединци во царина, се случуваат во тој период и дали случајно и поранешен висок функционер е вмешан во овој нарко бизнис на Филипче и Заев?

Наспроти негирањето и дефокусот од СДС, едно е сигурно, како поминува времето, сè се расчистува и индициите за криминалот со марихуаната водат до Филипче и Зае, се вели во дернешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини не ни требаат

ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на предлозите на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за економски мерки во услови на раст на цените на горивата, оценувајќи дека тој нема никаков кредибилитет да дава совети за управување со кризи.

Претседателката Сиљановска-Давкова во комеморативна посета на Треблинка

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, заминува во работна посета на Полска, каде што ќе присуствува на свеченото комеморативно одбележување на трагичната судбина на македонските Евреи во време на Холокаустот.

Мисајловски: Постојано набавуваме ново оружје, даваме сè АРМ да биде подготвена! Нашата цел се Македонија, македонската војска и граѓаните!

Ние сме земја членка на НАТО и сме со нашите сојузници, рече денеска министерот за одбрана, Владо Мисајловски, кој во Штип одговораше на новинарско прашање за состојбата на Блискиот Исток и дали нашата армија набавува воена опрема и оружје.„Ние сме земја членка на НАТО и знаете дека сме постојано со нашите сојузници и имаме една […]

ОМО „Илинден“ – Пирин: Шовинистичка забрана за Менкиноски зашто е Македонец! ЕУ не смее да остане рамнодушна на бугарските закани кон македонскиот идентитет!

„Поддршка за Менкиноски! Забраната против адвокатот Тони Менкиноски не е со правна позадина – таа е етничка, само затоа што е Македонец. Oва е срамна постапка што ја разоткрива вистинската природа на шовинизмот кој владее во некои кругови во Бугарија.“ – реагира жестоко политичката органиација на Македонците во Бугарија ОМО „Илинден“-Пирин по одлуката на официјална Софија да му се забрани влез во Бугарија на Тони Менкиновски до 2036 година, затоа што претставувал „закана за националната безбедност“ на оваа држава-членка на ЕУ.

To top