Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Левица го блокира Изборниот законик

Апасиев се повлекол од претходно договореното

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини Левица и нејзиниот лидер Димитар Апасиев дека го блокираат донесувањето на новиот Изборен законик, иако, според владејачката партија, претходно бил постигнат консензус за сите нивни барања.

Во партиското соопштение се наведува дека сите политички партии се согласиле со предлогот за поголемо буџетско финансирање на изборните кампањи, што било едно од клучните барања на Левица. Сепак, од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Левица подоцна се повлекла од договореното и го блокирала целиот процес.

„Левица јавно зборува за принципи и изборни реформи, но во пракса избрала политички конфронтации и блокади наместо поддршка на договорените решенија“, се вели во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека на државата ѝ се потребни функционални институции и политичари кои стојат зад преземените обврски, обвинувајќи ја Левица дека нуди популизам наместо конкретни решенија.

Најнови вести од: Македонија

Обвинителката која 5 години без докази го прогонува Жан Митрев ветува рационализација на предмети за да стане шефица на организиран криминал

Во правосудните кругови се шпекулира дека Хаџи Василева има поддршка од една обвинителка која е блиска на кругови блиски на кланот Заеви и дека во гласањето на обвинителите ќе бидат ангажирани мрежите на Зоран Заев во правосудството и нивните бизнис партнери

To top