Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Од Левица се заплеткаа во лагите и признаа дека парите завршиле во џебовите на раководството!

„Јована Мојсоска како пратеник не смеела да остварува профит и да врши сметководствени услуги за Левица. Ако е вистина улогата на сметководител, тогаш Мојсоска сериозно го прекршила законот!“ -обвинува владејачката партија.

„Од Левица се заплеткаа во лагите: на прес-конференција практично признаа дека податоците добиени од свиркачи за парите кои од сметката на партијата завршиле во џебови на тесното раководство се точни!“ –  соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО ДПМНЕ истакнува: Парите од сметката на партијата Левица по разни основи завршиле кај тесното раководство на Левица. Мојсоска, која изнесе информација дека била сметководител на Левица, требало да знае дека тоа е противзаконско, ако  ја говори вистината.  Правниците од Левица би требало да знаат дека во Законот за пратениците јасно е наведено: „Член 4: Функцијата пратеник во Собранието се врши професионално. Член 5: Пратеникот нема право да врши други јавни функции, или професии, кои согласно со законот се неспојливи со функцијата пратеник. Член 9: „Функцијата пратеник е неспојлива со вршењето на дејности со профитна цел.“

Законот е јасен: Јована Мојсоска како пратеник не смеела да остварува профит и да врши сметководствени услуги за Левица. Ако е вистина улогата на сметководител, тогаш Мојсоска сериозно го прекршила законот. Бегајќи од вистината, Левица се заплетка во сопствените шеми за извлекување партиски пари за лични потреби на раководството. Вистината излезе на виделина: под закрила на идеологија, чесност и приказни за неподмитливост,  Од Левица испумпуваат пари на личните трансакциски сметки.

Пропагандата на Левица за чесност и неподмитливост се претвори во параван зад кои се извлекуваат пари. Вистината е на виделина: Левица не е отпорна на корупција и не се бори против неа, туку е дел од неа. –  соопшти владејачката партија

Најнови вести од: Македонија

Стопанската комора со план за економски развој на Зелениково и Чучер-Сандево, ќе има и нови инвестиции

Стопанската комора на Северна Македонија ќе им обезбеди поддршка на општините Зелениково и Чучер-Сандево за поттикнување на локалниот економски развој, подобрување на деловната клима и искористување на европските фондови. Меѓу приоритетите се развојот на руралниот и алтернативниот туризам, унапредувањето на инфраструктурата и формирањето заедничка бизнис-заедница.

(Фото+Видео): Мицкоски со „Дојче Телеком“ во Бон разговараше за можни инвестиции

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека разговорите со раководството на Германскиот Телеком во Германија биле насочени кон можностите за нов инвестициски циклус во Македонија, не само во телекомуникацискиот сектор, туку и во области со висока додадена вредност.

(Фото): Блокирани 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање

Во согласност со доставениот налог, посочува Министерството, АЕК е должна во рок од пет дена од неговото добивање да го проследи до операторите на електронски комуникациски мрежи. Операторите треба веднаш да постапат по налогот и да го ограничат пристапот до наведените веб-страници, со прикажување соодветно известување за причината за блокирањето.

To top