Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Поради провизии згаснаа 14 животи

ВМРО-ДПМНЕ најави серија на прес-конференции поврзани со модуларната болница во Тетово, во која загинаа 14 лица. Од партијата велат дека ќе ја разоткријат вистинската одговорност за трагедијата. Првата прес-конференција ќе биде одржана денеска во 12 часот. „14 животи згаснаа. Одговорност мора да има кај вистинските виновници. Кој дозволи да се градат болници од неогноотпорни материјали? […]

ВМРО-ДПМНЕ најави серија на прес-конференции поврзани со модуларната болница во Тетово, во која загинаа 14 лица. Од партијата велат дека ќе ја разоткријат вистинската одговорност за трагедијата.

Првата прес-конференција ќе биде одржана денеска во 12 часот.

„14 животи згаснаа. Одговорност мора да има кај вистинските виновници. Кој дозволи да се градат болници од неогноотпорни материјали? Кој потпишуваше? Кој молчеше? Кој профитираше?“, стои во најавата на ВМРО-ДПМНЕ.

За пожарот во модуларната болница порашните директори Флорин Бесими и Артан Етеми се осудени на една година и шест месеци затвор. Судот одлучи дека се виновни за предизвикување тешки дела против општата сигурност, бидејќи не обезбедиле ПП апарати во објектот, што придонело во пожарот на осми септември во 2021 година да загинат 14 лица, пациенти кои се лекувале од ковид и членови од нивните семејства. Тетовската болница како правно лице е казнета со парична казна од 1 милион денари.

Како причина за пожарот беше утврдено дека е продолжен кабел во болницата кој се прегреал, додека во него биле вклучени повеќе апарати, како дефибрилатор и полнач за мобилен телефон.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова разговарала со претседателот на Азербејџан на тема проширување на соработката во енергетиката

Во моменти на енергетски шок предизвикан од геополитичките тензии на Блискиот Исток и нарушувањата во испораката на течен природен гас (ЛНГ) низ Ормутскиот Теснец

Николоски: Годинава обезбедени 243 милиони евра за автопатите

Изградбата на автопатите не е одговорност само на Јавното претпријатие за државни патишта, туку на целата држава, со оглед на тоа што станува збор за капитални инвестиции од стратешко значење, изјави министерот

To top