Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Предавниците, кои тајно преговараа, денес држат лекции за патриотизам и транспарентност!

Паниката во СДСМ расте, а конфузното соопштение на СДСМ е доказ за политичката паника, за хаосот во партијата која Венко Филипче ја сведе маргините – во едно соопштение мешаат Илинден, француски предлог, наводни заговори, тепачки, измислени обвинувања итн, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сто теми, сто лаги и целосен хаос во СДСМ. Дното во СДСМ нема крај, тоа е партија без визија, без план и без стратегија за државата. Дали раководството на СДСМ и Филипче воопшто знаат каде ја водат партијата? Има ли компас во СДСМ“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ да престане со лагите и конструкциите поради стравот и дебаклот во сопствената партија, додава ВМРО-ДПМНЕ

„Политичкиот талог, создаден со години корупција, криминал, клиентелизам и погубни политики, денес е најгласен и се обидува да се претстави како морален авторитет. Граѓаните добро паметат кој ја задолжуваше државата, кој ја понижуваше и кој ја доведе до најниско ниво на доверба. Затоа СДСМ е на маргините на политичкиот спектар. Истите тие предавници што тајно преговараа и носеа одлуки на штета на Македонија, денес држат лекции за патриотизам и за транспарентност. Граѓаните добро знаат кој ветуваше европска иднина а остави разочарување, поделби и лаги“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

За крај, обидот на СДСМ за поврзување со какви било насилни инциденти е срамен и неодговорен, додава партијата.

„Ако СДСМ има докази, нека ги достави до надлежните институции. Во спротивно, станува збор за груба манипулација и политичка злоупотреба на јавноста. СДСМ и Филипче немаат ниту идеи, ниту стратегија, ниту пак кредибилитет“, нагласува ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top