Македонија

ВМРО- ДПМНЕ: СДС и Филипче да одговорат дали јахтата на која плови со Заев е купена со пари од државни тендери?

Додека на прес-конференции и преку соопштенија глумат загрижени за стандардот на граѓаните, нивниот сегашен и поранешен претседател, крстарат со луксузна јахта низ Егејското море, реагираат од ВМРО – ДПМНЕ. -Цела македонска јавност ги виде сликите од Венко Филипче и Зоран Заев како безгрижно, раскомотени со скапи пијалаци и луксузна (како што впрочем и тие ја […]

Додека на прес-конференции и преку соопштенија глумат загрижени за стандардот на граѓаните, нивниот сегашен и поранешен претседател, крстарат со луксузна јахта низ Егејското море, реагираат од ВМРО – ДПМНЕ.

-Цела македонска јавност ги виде сликите од Венко Филипче и Зоран Заев како безгрижно, раскомотени со скапи пијалаци и луксузна (како што впрочем и тие ја нарекоа) храна, тераат ќефови на сред Егејско. После приватната журка со Харис Џиновиќ во Дубаи, дуото Заев и Филипче своето уживање во луксуз го покажаа со јахтата го Грција, кој ретко кој бизнисмен, не само од Македонија, туку и од регионот може да си го дозволи.

Таков луксуз не може да се постигне со чиновничка плата, макар тоа премиерска, министерска, пратеничка, ниту пак со докторска, се посочува во соопштението.

Затоа прашуваме и очекуваме одговори, дали јахтата со која пловат Филипче и Заев е на Заев од марката Рива и истата чини 850 илјади евра? На која фирма ја регистрирал и дали за нејзиното купување се употребени пари од државни тендери? И додека СДС глумат душегрижништво за стандардот и платите во државата, Филипче и Заев за неколку часа пловење со луксузната јахта, само за гориво трошат една просечна плата, велат од ВМРО – ДПМНЕ. 

Најнови вести од: Македонија

Велигденска убавина во Бутел: Воскресението не е приказна, туку сила што не потсетува да не се откажеме дури и кога е најтешко (ВИДЕО)

Овој убав пример од Бутел покажува дека вистинската убавина на Велигден не доаѓа од црквата, туку од срцата на младите кои со љубов го слават најсветлиот христијански празник.

Обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат

To top