Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е во тежок политички „нокдаун’’,

Информации од Бихаќка велат дека познат доктор и поранешен градоначалник, одбил функција во раководството на СДСМ, само затоа што не го смета Филипче за релевантен политичар

Јадрото во СДС продолжува да се распаѓа по катастрофалниот резултат на локалните избори,на кои освоија 120.000 гласови и само 6 општини.

СДС е во тежок политички „нокдаун’’, а процесот на консолидација никако да му појде од рака на Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Информации од Бихачќа велат дека познат доктор и поранешен градоначалник, одбил функција во раководството на СДС, само затоа што не го смета Филипче за релевантен политичар

Дека Филипче има проблеми со консолидацијата и зачувување на онака малото членство, говори и фактот што поранешни активисти, но и функционери и поддржувачи на СДС, јавно не се поистоветуваат и со Филипче и СДС, или пак не даваат поддршка на политиките и бараат одговорност во нивната партија.

Од сите страни се бараат реформи во СДС, но и оставка и одговорност од првиот човек на Бихаќка, а само нему таа реалност не му одговара.

Венко Филипче по се изгледа е задоволен од целата ситуација и сака да го донесе СДС до ниво на статистичка грешка.

Им порачуваме на СДС да си преземат иницијатива за итни реформи, на Македонија и треба силна опозиција“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Претседателот на МАЕИ, Стерјовски, во посета на Муфтиството на Корча

Од име на Македонците вам и на сите верници во посакувам честит Рамазан Бајрам. Нека овој свет ден донесе мир, благосостојба и хармонија во секое семејство што го слави. Нека надвладее духот на солидарност и разбирање, делејќи ја радоста со оние на кои им е најпотребна, посакал Стерјовски

Повторно проблеми кај пациентите – фалат ленти и глукомери за дијабетичарите

Д-р Наташа Недеска Минова, супспецијалист дијабетолог од Центарот за дијабетес од Градската општа болница „8 Септември“, изјави дека идејата за Прирачникот за исхрана на дијабетичари се родила како потреба од она што било увидено во нивната секојдневна клиничка пракса и дека пациентите се наоѓаат во една голема конфузија помеѓу она што се нуди во современата нутритивна наука и дијабетика за дијабетичари и оние информации со коишто секојдневно доаѓаат било преку медиумите, било преку свите роднини, пријатели односно лица кои не се соодветно едуцирани за исхрана.

To top