Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Силни инвестиции во инфраструктурата во општина Илинден – нови улици, училишта, спортски содржини, но и зголемена поддршка за семејствата

„За период од една година Општина Илинден со посветена работа и јасна визија продолжува да се сразвива и да создава подобри услови за живот на сите граѓани. Во изминатиот период во Општина Илинден се реализираа бројни проекти кои директно го подобруваат секојдневието на граѓаните.“ – истакнува ВМРО ДПМНЕ.

Натаму владејачката македонска партија посочува: Општина Илинден продолжува со силни инвестиции во инфраструктурата. Реконструирани и изградени се повеќе локални улици и патишта во Илинден, Кадино, Мршевци Дељадровци и населбата Јака, а во тек се и нови инфраструктурни проекти. Посебен фокус е ставен на иднината на децата. Започната е изградбата на новата училишна зграда во ООУ „Гоце Делчев“, со 10 училници и современи услови за настава. Во училиштата низ општината продолжуваат реконструкциите, опремувањето и создавањето подобри услови за учениците.

Грижата за семејствата останува еден од приоритетите. Еднократната финансиска поддршка за новороденчињата е зголемена на 6.000 денари, а од учебната 2026/2027 година е воведена и поддршка од 3.000 денари за секое прваче, покрај бесплатните ранци и прибор. Се инвестира и во спортот. Се гради нова трибина на фудбалскиот стадион во Илинден со капацитет од околу 1.100 гледачи, додека спортската сала „Гоце Делчев“ се реновира по речиси две децении. Реконструирани се и спортски игралишта во Мралино и Марино.

Инвестициите во животната средина и комуналната инфраструктура продолжуваат. Изградени се повеќе километри канализациска мрежа во Кадино, започнат е голем проект за канализација во Миладиновци, продолжува проширувањето на водоводната мрежа, а во рамките на проектот „Зелена Општина Илинден“ засадени се над 1.000 нови садници. Ова се само дел од проектите кои се реализирани.

Општина Илинден продолжува со уште посилно темпо, за современа инфраструктура, подобри услови за живот, повеќе можности за младите и сигурна иднина за секое семејство. Илинден продолжува да се развива и да се менува на подобро – порачува ВМРО ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Илјадници Албанци во Приштина, заради поддршка на припадниците на УЧК, меѓу нив и лидерот на ДУИ Али Ахмети со извик: „Да живее УЧК!“

Во центарот на Приштина се одржа „Марш за слобода“, собир за поддршка на поранешните водачи на ОВК на кои им се суди во Специјалниот суд во Хаг за воени злосторства извршени на Косово и Метохија во текот на 1998 и 1999 година, пишува rts.rs. На својот фејсбук профил лидерот на ДУИ Али Ахмети, кој присуствуваше на овој марш и митинг, објави: „Денес, во Приштина марширавме за слобода и во поддршка на Ослободителите. Албанскиот народ ги прогласи како невини Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими. Да живее УЧК!“

„Н.М“: Фашизам е обидот на Костадинов и „Преродба“ да го прогласат македонскиот јазик како бугарски!

Лидерот на бугарската радикална десница Преродба, Костадин Костадинов, во бугарското Народно собрание официјално поднесе иницијатива со која бара македонскиот јазик со законски и институционален акт да биде третиран единствено како „бугарски дијалект“. (!?) Ова не е инцидентен настап на Костадинов, туку континуирана платформа на неговата партија Преродба, која преку негирање на македонскиот национален супстрат демонстрира класични фашизоидни елементи, собирајќи евтини политички поени на домашната сцена. Ова се нагласува во политичката анализа со наслов „Анатомија на една фашизоидна провокација“, која ја објави денес весникот „Нова Македонија“. 

За Лант е „глупаво прогласувањето на македонскиот како бугарски јазик“ – дали Костадинов го стори тоа како кандидат за претседател на Бугарија?!

„Бугарските научници, кои тврдат дека концептот на македонскиот јазик бил непознат пред Втората светска војна, или кои продолжуваат да тврдат дека македонскиот јазик не постои, изгледаат не само нечесно, туку и смешно и глупаво! Грчките  научници, кои изнесуваат слични тврдења, покажуваат арогантно незнаење за своите словенски соседи!“ – има констатирано авторот на „Граматиката на македонскиот книжевен јазик“ американскиот славист Хорас Лант во научна статија во 1984 година реагирајќи на постојаните негирање на постоењето и самобитноста на македонскиот јазик. Лант е роден на 12 септември 1918, а починал на 11 август 2010 година. Навршувањето на 108-та годишнина од раѓањето на овој светски признат лингвист е повод да се осврнеме од гледна точка на неговите македонистички истражувања на политичкиот театар, кој го приреди во бугарскиот парламент Костадин Костадинов, лидерот на бугарската ултрадесничарска и националистичка партија „Преродба“. Како пратеник Костадинов поднесе иницијатива македонскиот јазик да биде прогласен и да биде третиран како бугарски јазик. Кажаното од Лант важи денес во целосна мера и за Костадинов: нечесна е и смешна и глупава оваа негова иницијатива за јазикот, кој сиот научен свет го познава и го признава како македонски јазик – идентитетски столб на македонскиот народ.

Битола ја одбележа 84-тата година од смртта на народниот херој Стив Наумов, заедно со народниот херој Мите Богоевски загинати во борба со бугарската полиција

По повод годишнината од смртта на Народниот херој Стив Наумов, делегации од Битола денеска положија цвеќе и се поклонија пред неговиот споменик на Широк Сокак.

Најнови вести

To top