Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Случајот „Мазут“ ги извади на површина врските на СДСМ и ДУИ со обвинитетелскиот систем

„Кадрите поставени и унапредени во професионалната кариера лично од Зоран Заев и Али Ахмети, по потреба се активираат и одработуваат за да ги спасат од кривична одговорност луѓето од и блиски до СДС и ДУИ“ велат од владејачката партија

Стопирањето на постапката за случајот „Мазут“ за криминал тежок 167 милиони евра, уште еднаш ги извади на површина конекциите на СДС и ДУИ со судско обвинителскиот систем, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Кадрите поставени и унапредени во професионалната кариера лично од Зоран Заев и Али Ахмети, по потреба се активираат и одработуваат за да ги спасат од кривична одговорност луѓето од и блиски до СДС и ДУИ.

И во случајот со милионскиот криминал за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, блискоста на обвинителката Катерина Коларевиќ и на шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази е неспорна“, соопштија од ВРО-ДПМНЕ.

Одлуката за затворање на истрагата за мазутот ја донел Обвинителството на Абази

„За блискоста на Ислам Абази со Ахмети како комшија од Зајас, на кого според јавно достапни фотографии може да се види како на глава му седи неговиот брат Фекри Ахмети, сите знаат.

Затоа сега повеќе се задржуваме на блискоста на обвинителката Коларевиќ со партиите СДС и ДУИ, која со моминско презиме е Маркова. Татко и на Коларевиќ, Павле Марков, во 1998 година од тогашната влада на СДС е избран за државен правобранител, додека, пак, мајката и Вера Маркова, во 2004 од коалицијата СДС и ДУИ е избрана за уставен судија.

Кариерите и професионалните унапредувања на родителите на Коларевиќ не се случајни или како резултат на квалификации и природен процес на професионален развој, туку тие се цврсто поврзани со политички номинации на владите на СДС во различни временски периоди.

Обвинителката Коларевиќ, блиска до СДС и ДУИ, добро знае дека во економскиот криминал или штета на државниот буџет, како што е случајот со ТЕЦ Неготино, се утврдува со економско вештачење, а не со изјави дадени од некомпетентни и неовластени лица вработени во ЕСМ.

И од ЕСМ јасно потенцираа дека испитаните лица во постапката, не биле ниту одговорни, ниту компетентни лица да проценат штета и да утврдат економски криминал со набавката на мазутот.

Но, со скандалозната одлука за стопирање на истрагата за овој случај тежок 167 милиони евра за кој постојат со силни индиции и сомнежи за перење на пари и тендерски криминал, станува јасно дека решението на Абази и Коларевиќ не е поткрепено со правно-обвинителски аргументи, туку веројатно е добро подмачкано со прескапиот мазут.

Од овие прости причини се јавува потребата да се постави прашањето, дали поради тоа обвинителката Коларевиќ во случајот со мазутот тежок 167 милиони евра, не постапувала со главен мотив да ја открие вистината, туку за да го заташка, како што ја стопираше постапката, за од кривична одговорност да ги спаси Васко Ковачевски, Адријан Муча, Асмир Јахоски и другите блиски до Ахмети, Заев и Филипче.

Или подиректно, дали Коларевиќ како обвинителка поради свои интереси и по насоки од блискиот до ДУИ, Ислам Абази, кои доаѓаат директно од врхушката на СДС и ДУИ, односно од Ахмети, Заев и Филипче, ја сопре постапката за овој случај вреден 167 милиони евра?

Очекуваме одговори, затоа што јавноста има право и заслужува да ја знае целата вистина, додека Советот на јавни обвинители има обврска да го истражи работењето и постапувањето и на Абази и на Коларевиќ.

За да се воспостави правна држава и да се врати довербата на граѓаните во правосудството, која сега е минорни 2%, потребно е и обвинителите да подлежат на професионална, дисциплинска и кривична одговорност, доколку се докаже нивно противправно делување.

Македонија заслужува правда и одговорност“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ако ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја отсликува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза.

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top