Македонија

ВМРО-ДПМНЕ со остра осуда на ниските и подмолни навреди на Фатмир Битиќи кон министерката за финансии

Партијата ја повикува јавноста да го осуди ваквиот вид на политичка комуникација која, според нив, ја деградира политичката култура во земјата.

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение најостро ги осуди „ниските и подмолни“ навреди на Фатмир Битиќи кон министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска.

„Нападите и омаловажувањата искажани од Фатмир Битиќи се одраз на слаб и исплашен човек. Само човек кој е несигурен во себе прибегнува кон ниски напади врз жена, сопруга и мајка“, се наведува во реакцијата на партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека Битиќи, наместо по професионалност и работа, е познат единствено по својата етничка припадност во СДСМ, врз која ја гради политичката кариера.

„Човек без кредибилитет и без доволно домашна култура навредува друг човек во отсуство на аргументи за расправа“, се вели во соопштението.

Навредите следуваат по расправата за предлог-ребалансот на Буџетот, кога Битиќи иронично ја нарекол министерката Димитриеска-Кочоска „сметководителка“.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека Битиќи ќе остане запаметен како дел од „неспособниот и криминален мозаик“ на тандемот ДУИ–СДСМ и дека и во неговата партија, како и кај Албанците и Македонците, постои срам поради неговото однесување.

Партијата ја повикува јавноста да го осуди ваквиот вид на политичка комуникација која, според нив, ја деградира политичката култура во земјата.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): 25 години СОС Детско село – четврт век поддршка што менува животи

Под слоганот „Менуваме животи“, СОС Детско село одбележа 25 години постоење и работа во Македонија со јубилеен настан во Македонскиот народен театар, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Признание за квалитет и гостопримство: „Limak Skopje Luxury Hotel“ е најдобар сместувачки капацитет за 2026 година

Добриот хотел е многу повеќе од адреса на која се престојува. Тој е место што го дефинира првиот впечаток за еден град, простор за деловни средби и одмор, но и место што остава трага долго по заминувањето. Токму затоа наградата „Најдобар сместувачки капацитет за 2026 година“ има посебно значење за Limak Skopje Luxury Hotel.

Сиљановска-Давкова очекува ново поглавје со Грција со bona fide политика

Грчкиот амбасадор најавил грчка поддршка на македонскиот пат кон ЕУ, информирајќи дека проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан ќе биде приоритет на грчката агенда за време на претседавањето

To top