Македонија

ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини не ни требаат

ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на предлозите на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за економски мерки во услови на раст на цените на горивата, оценувајќи дека тој нема никаков кредибилитет да дава совети за управување со кризи.

ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на предлозите на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за економски мерки во услови на раст на цените на горивата, оценувајќи дека тој нема никаков кредибилитет да дава совети за управување со кризи.

Од партијата потсетуваат дека Филипче, како поранешен министер за здравство во време на ковид-кризата, наместо да се посвети на набавка на основна заштитна опрема, се занимавал со договарање провизии за вакцини.

„Експертот за кризи, хирургот на Заев, Филипче, човекот кој во време на ковид кризата, наместо набавка на ракавици, каљачи, маски и така натаму, договараше провизии за вакцини, нема кредибилитет да дели совети како треба да се постапи“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија додаваат дека Владата веќе работи на справување со последиците од економските предизвици, но без помпезни најави и медиумски спектакли.

„Изгледа Венко живее во некој свој свет, во којшто е само тој со Заев, Башановиќ и уште двајца-тројца, па нема кој да му каже дека Владата си ја врши својата работа без тоа да биде помпезно најавувано во јавноста, како во нивно време“, стои во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека дел од мерките предложени од Филипче веќе биле разгледувани во работните групи како можни чекори за ублажување на ефектите од потенцијална економска криза. Партијата заклучува дека не бара совети од оние кои, според нив, се „експерти за крадење во време на кризи“.

„Филипче и СДС нека не се грижат, не одиме по нивните стапки. Совети од експерт за крадење во време на кризи, не бараме“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа остра размена на обвинувања доаѓа во време на зголемени цени на горивата и растечки притисоци врз буџетот на граѓаните, при што опозицијата се обидува да ја критикува економската политика на Владата, а владејачката партија одговара со потсетување на минатите скандали поврзани со ковид-управувањето.

Најнови вести од: Македонија

Ќе добие ли Скопје нови градски автобуси?!

Од околу 130 наши автобуси што беа во функција, сега од гаражите излегуваат 180 автобуси. Значи, имаме зголемено за 50 функционални автобуси. Дополнително зголемен е и бројот на автобусите на приватните превозници, кои во минатото од различни причини одбиваа да сообраќаат на дел од линиите, кажа скопскиот градоначалник.

Петрушевски: Партнерите на Дака – СДС, Филипче и Заев молчат за поткупот од 4 милиони евра за ДУП-от во Тетово

„Нема одговори од СДС, Филипче и Заев за тоа каде завршиле 4 милиони евра кои Дака според аудио снимките од неговиот разговор со Кичеец, му ги дал на Заев за градење на 2.000 станбени единици во Тетово. Дали Заев освен овие 4 милиони евра, требал да добие и процент од продажбата на становите, чија вредност би достигнала во тоа време околу 200 милиони евра?“ – нагласува пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бране Петрушевски во обраќањето кон јавноста.

В.Л. пукал со службен пиштол во двор, а куршумите завршиле во соба на соседите – ќе одговара кривично заедно со уште еден полицаец

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до надлежното Основно јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против В.Ј. поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување на општа опасност“ и „попречување на правдата“ и против А.Л. поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „помагање“ во врска со „предизвикување на општа опасност“ и „попречување на правдата“.

Стратегија за за 2026–2031 година, заради зачувување на македонскиот јазик, идентитет и култура во Ниш

Во Ниш e претставена Стратегијата за развој и дејствување на Националниот совет на македонската национална заедница за наредните пет години, која ги одредува клучните правци во образованието, културата, информирањето и употребата на јазикот. Целта е зајакнување на македонската заедница, институционална соработка, локален развој и користење на фондовите на ЕУ, истакна претседателката на Националниот совет, Зорица Митровиќ.

Избран е изведувач, почнува реконструкцијата на „Универзална сала“

Со новиот лик на Универзална, Скопје ќе добие модерна, функционална и репрезентативна културна институција, која ќе биде домаќин на врвни театарски претстави, концерти, фестивали и големи културни настани

ДС: Македонскиот е заеднички јазик за разбирање за сите етнички заедници во Македонија.

Во судството е од најголема важност обвинителите, судиите и адвокатите да го совладаат македонскиот јазик, кој е „лингва франка“, заеднички јазик на разбирање за сите етнички заедници во Македонија.

To top