Македонија

Мицкоски: Сега сме чекор поблиску во нашите билатерални односи со САД

Ние имаме усогласена заедничка изјава кога станува збор за царинските тарифи, истата е потврдена, потврдени се и други инвестиции кои што допрва ќе следат, рече Мицкоски.

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска напладне ја посети општина Шуто Оризари. На Меѓународниот ден на Ромите, премиерот Мицкоски присуствуваше на почнувањето на реконструкцијата на улицата „Брсјачка буна“, каде одговараше на новонарски прашања за тоа што Македонија ќе добие од соработката и средбите со заменик-државниот секретар на САД Кристофер Ландау.

-Многу е важно што сме таму на супер високо ниво, практично Ландау е вториот човек на Стејт департменот и тој ја предводи американската делегација, тој е заменик на државениот секретар на САД Марко Рубио. Во текот на вчерашниот ден се отворија многу теми од областа на одбраната, дигиталната трансформација, од областа на енергетиката, безбедноста се разбира. Според тоа што можете и вие да го видите самиот Стејт департмент, Белата куќа, Ландау јасно ја потенцираат улогата на нашата држава во рамките на нашето партнерство, дека станува збор за рамноправни партнери, дека ериозно го ценат она што ние го правиме како држава и во рамките на НАТО и во рамките на други меѓународни организации. Добро е да се спомене и фактот дека ние сме првата држава од Европа има ваков стратешки дијалог на вакво стратешко ниво. Ние имаме усогласена заедничка изјава кога стнува збор за царинските тарифи, истата е потврдена, потврдени се и други инвестиции кои што допрва ќе следат, така што сега сме чекор поблиску во нашите билатерални односи со САД како нивен стратешки партнер во регионот, изјави премиерот Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top