Македонија

Во Битола одбележано формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада на 18 ноември 1944

Со свежо цвеќе и пригодна програма беше денес одбележана 82 годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада пред спомен-плочата во Битола. Според податоците објавени на „Википедија“, оваа партизанска единица била формирана на 18 ноември 1944 година во селото Драгош, Битолско. Била формирана од дел од македонските воени единици што се одделиле од ЕЛАС и од дел од бригадата „Гоце Делчев“. Во нејзиниот состав влегле: Костурски, Лерински, Воденски и Придружен баталјон со тешкото вооружување.

По исполнувањето на химната на Република Македонија и освртот за историјата на бригадата, во име на Општина Битола свежо цвеќе положија и оддадоа почит советници од Советот на Општина Битола, како и други делегации. Комеморацијата беше организирана од Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН, како и од Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија од Битола, со поддршка од Општина Битола. Беше организирана и пригодна програма со сплет песни и ора од Егејскиот дел на Македонија изведоа членови од АФ „Гоце Делчев“.

Историско потсетување на создавањето и борбениот пат на оваа партизанска формација во Втората светска војна

Структура

Офицери од Првата Егејска бригада

Командант на бригадата бил Илија Димовски – Гоче, политички комесари: Михаил Пангов Керамитчиев и Динко Делевски, а началник на штабот бил Стив Георгиев – Димов. Во време на формирањето, бригадата броела околу 400 вооружени борци, а 600 други чекале вооружување. Во наредниот период бројот на борци и старешини достигнал околу 2000.[1] Младински раководител на Првиот баталјон на бригадата била Стерјана Вангелова.[2]

Борбен пат

Партизанки од Егејскиот воденски округ, во Првата егејска ударна бригада. Фотографирано во Кавадарци, 30 септември 1944 година

По формирањето на организации на КПМ во одделните единици се одржала Првата партиска конференција на бригадата, во Битола на 22 ноември 1944 година. Бригадата ги разбила балистите во селото Острец, Битолско меѓу 4 и 5 декември и ги ликвидирала со гонење на 6 и 8 декември. Подоцна била упатена кон Полог на 3 јануари 1945 година, за ликвидирање на заостанатите балистички сили и по тридневен марш на 6 јануари стигнала во Гостивар. Младинската организација на бригадата избрала 5 делегати и тие учествувале во работата на Вториот конгрес на НОМСМ, во Скопје, од 6 до 8 јануари 1945 година. Во Полог стационарно се поделила на неколку дела: во Гостивар, во селата Врапчиште и Баница (Гостиварско) и во Тетово. Во двомесечните акции на просторот од селото Зајас, Кичевско, до Полог и кон Шар Планина биле ликвидирани над 400 балисти и нивни соработници во текот на јануари и февруари. Од новопристигнатите борци биле формирани уште два баталјона.

На почетокот на март бригадата била преместена во Скопјеа на 7 март била поделена на два ешалона: првиот ешалон преместен во Гевгелија, а вториот во Битола и потоа расформирани на 2 април 1945 година, а борците прераспределени во други воени единици. Делот од нејзиниот состав што бил прекомандуван на теренот во Гевгелија и Битола имал задача да ја штити македонско-грчката граница, каде останала до своето расформирање, пишува на „Википедија“.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Се размислува за електронска наплата на патарините, ќе се наплаќа од километар

Се разгледува воведување електронска наплата на патарините на автопатите, без возилата да застануваат на наплатните станици. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека се размислува патарината да се наплаќа по поминат километар и дека при изработката на законот ќе се побара експертска помош.

Во петок протест по претепувањето на Сара од Охрид

  „Доста беше од ветувања, молчење, молење и чекање. Бараме ОДГОВОРНОСТ, бараме ПРАВДА, бараме ПРАВА! Се гледаме на улица!“ порачаа од Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ која повикува во петок (20 ноември) на протест против фемицидот, насилството и институционалната неодговорност. Протестот е најавен во 13 часот пред Владата, а следи по последниот случај во кој […]

Четворица Албанци од Македонија планирале терористички напад во Грција по директиви од Иран

Според Агенцијата за национална безбедност на  Македонија, мрежата наводно дејствувала по инструкции на ирански државјанин по име Едрис Џахангири Маванех. Според Агенцијата, тој има врски со поединци блиски до иранските разузнавачки служби, како и со осомничениот трговец со дрога, Наџи Шарифи Зиндашти

Дебакл на протестот кој се обиде да си го присвои една политичка партија

„Улиците и протестите ни припаѓаат нам, граѓанските! ГНЕВОТ НЕМА ДА НИ ГО ЗЕМЕТЕ“, порачаа од Иницијативата, осудувајќи ги партиските упади и обидите за инструментализација на женското движење

To top