Македонија

Во Бугарија има луѓе кои немаат проблем со Македонија и Македонците (ВИДЕО)

Бугаринот кој дава надеж дека не сите мостови на пријателство меѓу Македонија и Бугарија се разрушени

Христо Петров, пратеник од Бугарија во Европскиот Парламент е доказ дека во Бугарија има луѓе кои немаат проблем со Македонија и Македонците.

Не само што Петров не упатува говори на омраза кон Македонија на кои се навикнавме од други бугарски политичари туку тој се залага за побрз влез на земјава во Европската Унија.

Во говор пред Европарламентот Петров раскажува дека многу пати бил во Македонија пред таа да го смени името и дека умните луѓе во неа заслужуваат да бидат дел од ЕУ.

Петров е Европратеник од групата Либерали во ЕП кој доаѓа од партијата Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија на екс премиерот Кирил Петков.

Оваа партија според последните анкети е втора најголема партија во Бугарија со околу 14 проценти рејтинг меѓу гласачите.

Изјавата на Петров која дава надеж дека може да има разбирање меѓу Македонците и Бугарите во линкот

https://www.facebook.com/share/r/1FFrVEj8SC/

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски со честитка за Рамазан Бајрам: Како народ отсекогаш сме знаеле да стоиме еден покрај друг

Во овие свети денови, кога се заокружува месецот на пост, трпение и на духовна посветеност, да се потсетиме на вистинските вредности што нè обединуваат како луѓе – почитта, солидарноста, хуманоста и грижата за другиот.

Муслиманските верници го слават Рамазан Бајрам

Рамазан Бајрам доаѓа по едномесечниот строг пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце. Во сите џамии, денеска се служи утрински Бајрам-намаз. По утринската молитва, верниците ги посетуваат гробиштата на своите роднини.

To top