Македонија

Во Чаир се отвори новиот објект „Бамби“ на градинката „Фидани“

Свечено отворена градинката „Бамби“ во Чаир. Оваа градинка ќе ги прифаќа децата од 9 месеци до 6 години, и покрај групите на албански, ќе има и групи на турски и босански јазик. За време на свеченото отворање , првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити, ја истакна важноста на овој објект, кој се смета за најголем, […]

Свечено отворена градинката „Бамби“ во Чаир. Оваа градинка ќе ги прифаќа децата од 9 месеци до 6 години, и покрај групите на албански, ќе има и групи на турски и босански јазик.

За време на свеченото отворање , првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити, ја истакна важноста на овој објект, кој се смета за најголем, најсовремен и најатрактивен во Македонија. Тој особено им се заблагодари на Фатмир Лимани и Висар Ганиу за нивната посветеност и работа во реализацијата на проектот.

„Овој објект, кој е најголем, најсовремен и најатрактивен во Македонија, сакам да им се заблагодарам и на Фатмир Лимани и на Висар Ганиу за работата што ја направија. Да ве информирам дека ова чинеше приближно 2 милиони евра. Исто така, од Владата се издвоени над 3,5 милиони евра за изградба на вакви објекти и за да заминат во историјата старите комунистички бараки во Чаир, кои беа со лоши услови за децата, за сегашните и идните генерации. Така, многу скоро, во наредните месеци ќе почнеме со градинката ‘Везеза’. Плус уште две градинки со вакви размери и толку атрактивни, со многу подобри услови за нашите деца“, изјави Меџити.

Заменик-претседателот на Владата нагласи дека овие инвестиции имаат за цел подобрување на условите за живот и образование на децата од заедницата, создавајќи побезбедна и посоодветна средина за нивниот развој.

Најнови вести од: Македонија

Велигденска убавина во Бутел: Воскресението не е приказна, туку сила што не потсетува да не се откажеме дури и кога е најтешко (ВИДЕО)

Овој убав пример од Бутел покажува дека вистинската убавина на Велигден не доаѓа од црквата, туку од срцата на младите кои со љубов го слават најсветлиот христијански празник.

Обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат

To top