Македонија

Во изградбата на автопатите на коридор 8 и 10д во ноември лани ангажирани 2130 работници

На Делница 1, Тетово-Гостивар, достапни за работа се 13 километри од 17,5 километри, на Делница 2, Гостивар-Букојчани, достапни се 9,6 километри од 31 километар, а на Делница 4, Прилеп-Битола, достапни се 22 километри од 40 километри

Во изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д што ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ во ноември 2025 година биле ангажирани 2131 лице (вработени на изведувачот, на подизведувачи и индиректни даватели на услуги и на специјализираните изведувачи) како и 1290 вкупна опрема, покажува Извештајот од надзорот за прогрес на работите за ноември 2025 година , објавен на веб страницата на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).

Според Извештајот, во ноември лани на изведувачот му се исплатени 1.149.367.247 денари. Вршени се претежно геотехнички истражувања, проектирање и изработка на технички спецификации за автопат, проекти за експропријација, привремено управување со сообраќајот, уривање и отстранување на постојни објекти и други елементи на патот, како и градежни активности главно за земјени работи, одводнување и објекти.

Извештајот покажува дека геотехничките истражни работи се завршени на првата делница Тетово-Гостивар, а во тек се на Гостивар-Букојчани и Прилеп Битола. На тие делници, на терен има активности за земјени работи, конструкции и одводнување. За третата делница Струга Требеништа почната е изработка на студија за оценка на влијанието врз животната средина и социоекономските аспекти (ESIA-Environmental Social Impact Assessment).

Има активности на седум мостови, осум натпатници и три потпатници. Заклучно со крајот на ноември 2025 година, изведени се повеќе од 4,9 милиони метри кубни ископ и 1,45 милиони метри кубни насип. Исто така и  20.500 метри колови, а за конструкции се изведени 63.000 метри кубни бетонски работи. За одводнување изведени се 13.000 метри кубни бетонски работи – покажуваат податоците од Извештајот.

Во текот на 2025 година на Конзорциумот „Бехтел и Енка“ исплатени се вкупно 147 милиони евра. За годинава, според најавите, планирани се 103 милиони евра.

Како што изјави претходно за МИА директорот на ЈПДП Коце Трајановски, досега на Делница 1, Тетово-Гостивар, достапни за работа се 13 километри од 17,5 километри, на Делница 2, Гостивар-Букојчани, достапни се 9,6 километри од 31 километар, а на Делница 4, Прилеп-Битола, достапни се 22 километри од 40 километри.

-Клучни активности во 2026-та ќе бидат овозможување на пристап и можности за изведбени работи на вкупните должини по трасите на делниците 1,2 и 4. За Делницата 3,  Требеништа – Ќафасан, во процес на изработка е сериозна документација која ќе даде точни насоки за заштита на биодиверзитетот и културното наследство при утврдувањето на трасата за оваа патна делница –  најави Трајановски.

Четирите автопатски делници што се дел од проектот се со вкупна должина од 109 километри за кои треба да се изгрдат 24 потпатници, 34 натпатници, како и мостови во вкупна должина од 4,500 метри. (МИА)

 

Најнови вести од: Македонија

Ѓорге Иванов: Секоја генерација има своја борба, нашата е за подостоинствен живот во Македонија

Чествувањето на 23 Октомври во рамките на политичкиот дискурс во Македонија служи како инструмент за мобилизација на јавното мнение и потсетување на колективната меморија. Политичките елити го користат овој историски датум не само за оддавање почит кон жртвите од минатото, туку и за легитимирање на сопствените политички агенди поврзани со реформите, европските интеграции и заштитата на националните интереси.

На Денот на македонската револуционерна борба порака од Кос: Направете ги уставните измени, исполнете ја вашата обврска!

Уставните измени се чекорот што треба да го направи земјава за да продолжи евроинтегративниот процес без дополнителни политички одлуки, порача еврокомесарката за проширување Марта Кос по денешната тет-а-тет средба во Брисел со вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали.

СВР Тетово: Се преземаат мерки за спречување меѓуетничка нетрпеливост кај младите

Секторот за внатрешни работи Тетово ја информира јавноста во врска со видео материјалите кои се споделени во дел од социјалните мрежи, а се однесуваат на синоќешниот инцидент во кој беа вмешани неколку малолетни лица, дека синоќа тие малолетници се обиделе да проверат кај две 11-годишни деца дали нивната облека содржи обележја на навивачка група, при што изреагирале случајни минувачи и не дошло до физички контакт.

Мицкоски: Над 1200 градилишта низ РМ, вложуваме во автопати, железница, образование и инфраструктура! – Јавните функционери да ја оправдаат дадената обврска!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата во изминатите две години работи на реализација на голем број инфраструктурни и развојни проекти, посочувајќи дека низ државата има повеќе од 1.200 активни градилишта и проекти.

Мицкоски: Никогаш нема да отстапам од интересите на мојот македонски народ! – Гоце е вткаен во нашето постоење, тој е Македонија!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека нема да отстапи од, како што рече, интересите на македонскиот народ, нагласувајќи дека европската иднина на државата треба да се гради со мудрост, реформи и зачувување на националното достоинство.

Муцунски: Наша обврска е да градиме силна и меѓународно почитувана држава, чувајќи ги идеалите со достоинство

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски, денеска во Скопје ја предводеше владината делегација која положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Мицкоски: Свои на своето и со крената глава! – Со корен во минатото и со верба во иднината, ќе успееме!

„На 23 Октомври, покрај гордоста, треба да почувствуваме и одговорност. Да застанеме пред нивниот спомен, да се поклониме и искрено да се запрашаме: што правиме ние со слободата, за која тие се бореа, за која тие живееја и за која тие ги положуваа своите животи? Каква држава им оставаме на оние што доаѓаат по нас?“ – нагласи претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на денешната свечена академија, која се одржа под мотото „Свои на своето!“ по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври.

Најнови вести

To top