Македонија

Во Македонија само 7 отсто граѓани користат јавен превоз

Над третина од граѓаните најчесто користат автомобил

Во Македонија околу 7% од луѓето секој ден користат градски автобус, 2,6% меѓуградски автобус и 0,06% воз (вкупно 9,6%).

Податоците покажуваат големи регионални разлики и укажуваат дека додека во некои скопски општини околу 19% од граѓаните најчесто користат градскиот автобус, во градовите од внатрешноста главна замена за автомобилот е организираниот превоз.

Во Македонија над третина од граѓаните најчесто користат автомобил.

Во Македонија, последниот достапен податок е за 2021 година, кога според податоците од Државниот завод за статистика, над 35% од вкупното работоспособно население на возраст од 15 години и повеќе до работа или училиште користеле автомобил.

Во Скопје до работа со јавен превоз најчесто патуваат од Шуто Оризари, Ѓорче Петров и Гази Баба, а организираниот превоз го заменува градскиот автобус во Битола, Велес, Кавадарци, Прилеп…

Според податоците за вкупното работоспособно население на возраст од 15 години и повеќе според пол и видот на превозното средство кое најчесто го користи до работа или училиште, објавен со третиот сет податоци од Пописот 2021 година, во Скопје над 42% најчесто до работа или училиште одат со автомобил (38,4 најчесто како возач и 4,1 најчесто како совозач), додека на второ и трето место како најчесто превозно средство се автобус и пеш – по 13%. Само 2% користат организиран превоз, а 1,1% меѓуградски автобус.

Градски автобус најчесто користат во Шуто Оризари – 26%, Ѓорче Петров – 20% и Гази Баба – 19%, а најмалку во Центар – 4% и Карпош – 8%.

Во општина Битола 17% организиран превоз, а јавен превоз користат 7,3% (градски автобус – 4%, меѓуградски автобус – 3,3%)

Во Велес 17% најчесто користат организиран превоз, додека 7 проценти користат јавен превоз – по три проценти градски и меѓуградски автобус и еден процент воз.

Над 19 проценти од граѓаните во Кавадарци и Штип до работа користат организиран превоз, а 6% автобус – по 3% градски и меѓуградски автобус во Кавадарци и 4% градски и 2% меѓуградски во Штип.

Во Прилеп 18% најчесто користат организиран превоз, додека автобус 8% (5% градски и 3% меѓуградски). 

Во ЕУ, бројките се поинакви: Околу 10,7% од луѓето од 16 години или постари во Европската Унија користат некаков вид јавен превоз секој ден, додека над половина од луѓето – 51% не користат јавен превоз.

 

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top