Македонија

Во март само 65 приговори за прекршоци регистрирани од „Сејф сити“

Споредбено со претходниот месец, во  февруари беа поднесени вкупно 476 приговори, односно 431 приговор од правни лица и 45 приговори од физички лица

Изминатиот месец значително беше намален бројот на граѓаните и правните лица кои не ја прифаќаат одговорноста за сторениот сообраќаен прекршок и поднесуваат приговор до надлежниот суд за евидентираните сообраќајни прекршоци со системот „Безбеден град“, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

Од Кривичен, воедно, информираат дека веќе се завршуваат предметите по претходно поднесените приговор.

Во март 2026 година, до Основниот кривичен суд Скопје се поднесени 65 приговори односно барања за поведување прекршочна постапка пред суд, од кои 22 приговори од правни лица и 43 приговори од физички лица,

Споредбено со претходниот месец, во  февруари беа поднесени вкупно 476 приговори, односно 431 приговор од правни лица и 45 приговори од физички лица.

Дополнително, во текот на месец март од доставените приговори, од кои најголем дел се веќе во фаза на постапување, со пресуда се завршени 92 предмети.

Од Кривичен информираат дека по овие предмети постапуваат 16 судии од Одделот за прекршоци, сите поднесени приговори навремено се заведуваат и согласно одредбите од Законот за прекршоци, во утврдениот  рок од 8 дена, се доставуваат до Министерството за внатрешни работи за нивно произнесување, што претставува неопходен предуслов за понатамошно постапување.

Преку системот „Безбеден град“ во март констатирани се 26.241 сообраќаен прекршок, што е зголемување во однос на февруари кога се регистрирани 19.066 сообраќајни прекршоци.

Во март „Сејф сити“ регистрираше над 26.000 прекршоци

Најнови вести од: Македонија

Ново семејно насилство: Скопјанецот Љ.И. (35) ја претепал сопругата (31) и ја избркал од дома, а четирите деца ги затворил во тоалет!

Вчера, на 2 април 2026 година околу 19 часот во СВР Скопје 31-годишна жена пријави дека во домот на подрачјето на Бит Пазар нејзиниот сопруг Љ.И.(35) ја заклучил во тоалетот, а по некое време и физички ја нападнал, по што ја избркал од домот.

Кадриу: Да поднесеше Ристоска оставка при примопредавање на прислушкуваните материјали кога ја уриваа државата, ќе ѝ поверував дека е принципиелна!

Адвокатката и поранешна обвинителка Лејла Кадриу реагираше по оставката на обвинителката Ленче Ристоска, оценувајќи дека станува збор за „бегство од одговорност“, а не за принципиелен чин.

Велигденска порака на Скопскиот бискуп и Струмичко–скопски епарх Киро Стојанов (ВИДЕО)

Среде вознемиреностa во светот да се молитме за мир и напори да се запре татнежот на бомбите, да се замолчи оружјето и да се даде можност на дијалогот во кој можат да се слушнат гласовите на народите

Најнови вести

To top