Македонија

Во Небрегово промовирана книгата „80 години азбука и правопис на македонскиот стандарден јазик“

„Јазикот е нашата единствена татковина“ е максима за македонскиот идентитет

Со 20-тина трудови на истакнати научни работници и јавни личности, во родната куќа на великанот Блаже Конески во Небрегово денеска е промовирана книгата „80 години азбука и правопис на македонскиот стандарден јазик“ во издание на Културно-едукативниот центар „Небрегово“.

Атанас Конески, секретар на КЕЦ „Небрегово“ нагласи дека познатата реченица на великанот Блаже Конески „Јазикот е нашата единствена татковина“ е максима за македонскиот идентитет.

-Во рамките на 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, ова е првца книга што ја издава Културно-едукативниот центар „Небрегово“ за овој голем јубилеј, инаку е 18-та за БлажеКонески и македонскиот јазик. Книгата е создаденба од трудови по претходен конкурс зна сите научни работници од сите институции и на истакнати јавни личности.Посебно гоиздвојувам текстот на поглаварот на МПЦ, г.г. Стеган. Тој е текст што дише и прави спој меѓу значајните датуми за Кируил и Методиј,за Климент и наум и за великанот Блаже Конески. Сето тоа значи дека јазикот е единствена наша татковина. Тој ни ево дневна употреба, во дневна заложба на сите, секаде и од секого, рече Конески.

Претседателот на Фондацијата „Небрегово“, Максим Каранфиловски истакна дека добро е што го имаме законот за лекторите, но говорниот македонски јазик зависи од нивото на нашата свест.

-Добро е што го имаме Законот за лекторите,но тој не можерда влијае кога во живо се употребува македонскиот јазик. Тука треба да се подигне нивото на свеста. Ако водруги земји, оној што настапува јавно и ако зборува на дијалект или разговорно, тогаш тој се смета за неписмен. Кај нас, никој не води сметка на тоа кој како зборува и колку ги употребува и ги почитува нормите на најзикот. Ако зборуваме кој како ќе стигне, веќе го расипуваме јазикот. Нормално е дека низ годините и децениите јазикот претрпува промени, тоа е природен процес, но културата на говорот, почитувањето на стандардот се норми во секое цивилизирано општество, рече Каранфиловски.

На промоцијата во родната куќа на Конески во Небрегово почит му оддадоа од кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, од Центарот, од прилепскиот Заводи музеј, од Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“, бројни присутни и ученици.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Бугарија, како НАТО-партнер, да ѝ го испорача осудениот Михаилов, баран со потерница, кој се појавува на протести во Софија!

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството.“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Симеон Михаилов. Михаилов е осуден на 12 години затвор во Македонија, но избега пред да ја отслужи казната. Тој сега се појавува на бугарски телевизии и на протести во Софија, од каде што ја брани неговата ќерка Ива Михаилова, на која ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат.

Мицкоски: Ќе продолжиме да ги решаваме проблемите на граѓаните, затоа ја добивме довербата од нив!

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање денеска при претставување на „Градскиот воз“ истакна дека и покрај сите предизвици во Европа како наш најголем трговски партнер, сепак трендот на раст на бруто-домашниот производ се очекува да продолжи и оваа година и  да изнесува некаде меѓу 3,5 и 4% проценти.

„Н.М.“: Македонија има причина да биде во Европа, со свој идентитет и јасно дефинирани македонски интереси, но не безусловно!

Исландскиот референдум не треба да биде лекција против Европската Унија, туку лекција за самодоверба во преговорите. Исланѓаните не рекоа: „ЕУ не ни треба“. Тие рекоа: „Ние ќе одлучиме кога, како и под кои услови ќе разговараме за нашата иднина“. Тоа е демократска зрелост. И токму таква зрелост ѝ треба на Македонија. Не да му каже „не“ на Брисел. Но ниту автоматски да кажува „да“ на секое барање. Туку да научи да кажува: „Ова е нашиот интерес. Ова можеме да го прифатиме. За ова можеме да преговараме. А ова не можеме да го прифатиме“. И тоа да го каже аргументирано, мирно и европски. Ова се нагласува во анализата со наслов „Македонија има причина да биде во Европа, но како своја и со својот изворен идентитет и карактер“, која е објавенма денес „Нова Македонија“.

Мицкоски: Македонија е отворена за нови инвестиции и партнерства, кои ќе ја засилат економската соработка со Унгарија

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска од Будимпешта порача дека Македонија е отворена за нови инвестиции и партнерства, нагласувајќи дека економската соработка со Унгарија има значителен потенцијал за раст.

Најнови вести

To top