Македонија

Во пресрет на грејната сезона – парно, струја, дрва: Што најмногу го празни џебот?!

Најефикасното, но и најскапо современо решение е топлотна пумпа систем воздух-вода. Оваа инвестиција бара помеѓу 6.500 и 9.000 евра, иако потоа месечната потрошувачка на струја за целата куќа е приближна на трошокот за два инвертер уреди. За домаќинствата кои немаат буџет за вакви системи, поставувањето на три поквалитетни инвертер клими со инвестиција од околу 2.500 евра.

Греењето во Македонија зимава носи сериозни разлики во семејниот буџет во зависност од изборот на енергенс и типот на домот. Според официјалните податоци за просечната квадратура и најновите тарифи на енергетските компании, трошоците за шестмесечната грејна сезона се движат од 18.000 денари со енергетски ефикасни инвертер клими, па сè до над 55.000 денари за греење куќа на дрва или загревање стан со неефикасни панелни греалки на струја. Според податоците од Пописот на Државниот завод за статистика, просечната површина на стан во колективните згради изнесува 67 квадратни метри. Кај семејните куќи, кои најчесто имаат повеќе соби или катови, загреваниот простор во просек изнесува околу 120 квадратни метри. Оваа разлика во квадратурата носи различна пресметка. Куќите имаат поголеми топлински загуби поради надворешните ѕидови и покривната површина, додека кај становите соседните затоплувани простории значително помагаат во одржувањето на температурата.

Парното за просечен стан надминува 34.000 денари годишно

За стан од 67 квадратни метри приклучен на мрежата на ЕСМ Снабдување во Скопје, сметките по најновото поскапување од август покажуваат дека трошокот редовно достигнува и надминува 3.000 денари месечно. Ако сметките се плаќаат преку целиот курс на годината на 12 еднакви рати, годишниот трошок изнесува меѓу 34.000 и 38.000 денари. Оние домаќинства што го плаќаат парното само во текот на шесте грејни месеци добиваат сезонски фактури од 5.500 до 6.500 денари месечно. Предноста на градското парно е постојаната топлина во секоја соба, но граѓаните немаат можност самите да влијаат врз висината на сметката.

Кај греењето на струја, инвертер климите од висока енергетска класа носат најголема заштеда. За стан од 67 квадрати се потребни два помали уреди или еден посилен инвертер од 5,5 киловати. Вкупниот трошок за струја за шест месеци греење, пресметан преку вториот и третиот блок на потрошувачка, изнесува меѓу 18.000 и 24.000 денари. Спротивно на ова, греењето стан на конвектори, греалки или панелни радијатори ја носи потрошувачката директно во најскапиот четврти блок. Во тој случај, шестмесечната сметка за струја лесно надминува 50.000 денари.

Куќа на дрва или пелети бара буџет од најмалку 45.000 денари

Огревното дрво останува главен избор за семејните куќи во внатрешноста на земјата. За затоплување на куќа од 120 квадрати во текот на зимата се трошат меѓу 10 и 12 просторни кубни метри буково или дабово дрво. Со тековните цени на стовариштата од 4.300 до 4.800 денари за кубик со превоз и сечење, сезонскиот трошок изнесува меѓу 45.000 и 55.000 денари. Дрвата бараат и физички ангажман, простор за чување и секојдневно чистење на печките. Пелетите нудат автоматско палење и повисок комфор. Вреќа од 15 килограми на пазарот се продава меѓу 230 и 260 денари, доколку се набават навреме. Во текот на грејната сезона цената знае да биде и доста повисока. За простор од 120 квадрати се потребни меѓу 2,5 и 3 тони пелети по сезона, што го носи вкупниот трошок на 42.000 до 52.000 денари.

Сопственото парно во куќа бара голема почетна инвестиција

Инсталирањето сопствено парно во куќа од 120 квадрати носи високи почетни трошоци пред воопшто да почне греењето. Комплетен систем со котел на пелети или на струја, бакарни цевки, пумпи и радијатори чини меѓу 3.500 и 5.000 евра. Најефикасното, но и најскапо современо решение е топлотна пумпа систем воздух-вода. Оваа инвестиција бара помеѓу 6.500 и 9.000 евра, иако потоа месечната потрошувачка на струја за целата куќа е приближна на трошокот за два инвертер уреди. За домаќинствата кои немаат буџет за вакви системи, поставувањето на три поквалитетни инвертер клими со инвестиција од околу 2.500 евра носи сезонска потрошувачка на струја од околу 30.000 до 38.000 денари, под услов куќата да има термофасада.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

Секоја десетта цигара во ЕУ е нелегална, црниот пазар ја опфаќа и Македонија

Предизвик за европските институции не е само растот на нелегалното производство, туку и неусогласениот начин на кој земјите му се спротивставуваат. Националните системи за контрола и спроведување значително се разликуваат, кривичните дела и казните не се доволно хармонизирани, а и натаму постојат празнини во соработката и размената на информации меѓу надлежните институции.

Секоја генерација треба да знае за хероите кои го дадоа животот за Македонија, рече министерот за одбрана

Покровител на турнирот е Министерството за внатрешни работи, а тој се организира во соработка со Министерството за одбрана, Бирото за јавна безбедност и здруженијата на загинатите бранители.

Кекеновски: Наместо „решителен чекор“ Урсула Лаен повторува „сменете устав“ и „разговарајте со Софија“!

Посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен на Скопје требаше да биде повеќе од уште една протоколарна станица на нејзината балканска турнеја. Барем такви беа очекувањата што претходно беа создадени во јавноста. Нејзината посета не даде доволно јасен одговор. Лаен само повтори дека е потребен клучниот чекор поврзан со уставните измени.“ – нагласува универзитетскиот професор Јове Кекеновски во својата колумна со наслов „Фон дер Лаен: наместо „решителен чекор“ – „разговарајте со Софија“ .

(Фото): Свечено отворени Ресурсниот и Младинскиот центар Карпош

По повод одбележување на 50 години од основање на Општина Карпош, во рамки на култниот спортски објект „Наум Наумовски Борче“ – Партизан, беа официјално отворени Младинскиот Центар – Карпош (МЦК) и Ресурсниот Центар – Карпош (РЦК).

Мицкоски: Преносот на останките на Цар Самоил го коментирам преку Бледскиот договор, со кој во Скопје беа донесени посмртните останки на Гоце Делчев

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во врска предавањето на посмртните останки што се идентификуваат со Цар Самоил, од Грција во Бугарија, се осврна на Бледскиот договор, посочувајќи на историскиот контекст по капитулацијата на фашистичка Бугарија во Втората светска војна и на пренесувањето на моштите на Гоце Делчев во Скопје.

To top