Македонија

Во Штип со положување свежо цвеќе одбележани 83 години од смртта на народниот херој Славчо Стојменски, убиен од бугарската фашистичка полиција

Сеќавање за народниот херој на македонскиот народ, кој го положи својот млад живот во темелите на македонската држава.

Со положување свежо цвеќе денеска во Алејата на народните херои во центарот на Штип се одбележа 83-тата годишнина од загинувањето на народниот херој Славчо Стојменски.Овој голем патриот, иако многу млад, веќе револуционерно задоен, непоколебливо и бескомпромисно се вградува во темелите на револуцијата со исконска желба за слобода на својот македонски народ. Верувал дека ќе ја доживее слободата, а со тоа ја пренел им ја пренел пораката на следните поколенија да знаат, да се борат за слободата и да ја чуваат. Во негова чест е именувана гимназијата во Штип. 

Животопис

Славчо Стојменски е роден 1921 година во Штип во сиромашно семејство. Основно училиште и гимназија завршува во Штип. Поради тоа што бил одличен ученик, неговото семејство успеало со големи напори да му обезбеди школување. Славчо се истакнал на еден конкурс за математика, па поради тоа добил стипендија од бугарското министерство за просвета и станал студент на Софискиот универзитет. Есента во 1941 година се вратил во Штип и станал член на Месниот комитет на СКОЈ. Политичкото формирање на Славчо Стојменски е поврзано со неговото дружење со Ванчо Прке. Двајцата се вклучиле во напредното младинско движење. Таму читале марксистичка литература и се собирале на состаноци.

Уште како ученик Славчо ѝ бил познат на полицијата. Повеќепати бил повикуван во полиција и му било советувано да се откаже од револуционерните активности. Меѓутоа, тој и понатака се ангажирал во Народноослободителната борба, формирајќи се и како комунист.

Учество во НОБ

Во првите денови на окупацијата Славчо успеал во Штип да формира повеќе групи на СКОЈ. Нивните членови ги подготвувал да се одговорат на повикот на Комунистичката партија на Југославија за стапување во партизанските редови. Бугарската полиција му влегла во трагата, па 1942 година бил уапсен. При спроведувањето во затвор, успеал да побегне и од тогаш живеел и работел како илегалец. Полицијата постојано го гонела и настојувала да го фати. Тој како илегалец ја обиколувал цела Источна Македонија и работел на организирање на Народноослободителното движење. Повремено се враќал навечер во Штип, за да поднесе извештај за извршените задачи и да добие нови.

Во почетокот на 1943 година Славчо станал веќе и член на Обласниот комитет на Комунистичката партија на Македонија. За да ја проучат ситуацијата и за да ги координираат акциите заради  распламтување на наародноослободителната борба, членовите на Обласниот комитет во август 1943 година се собрале на состанок во Штип. Полицијата дознала за тоа и на 17 август ја опколиле куќата, во која се одржувал состанокот. Во борбата која настанала, некои членови на Околискиот комитет успеале да се пробијат и да избегаат, но Славчо бил смртно погоден

Со одлука на претседателот на Федеративна Република Југославија Јосип Броз Тито на 11 октомври 1953 година бил прогласен за народен херој.

 

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

Поплавена зградата на „Нова Македонија“

Пет до шест дена ќе бидат потребни за нормално функционирање на зградата на „Нова Македонија“, откако е утврдено дека поплавата ја предизвикала пукната топловодна цевка на вториот кат, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

Стојков: Грција и Бугарија ќе го користат примопредавањето на моштите на македонскиот цар Самуил за пропаганда против Македонија!

„Свечената“ објава на бугарскиот премиер Румен Радев дека в сабота, на 3 октомври, Грција ќе ѝ ги предаде посмртните останки од цар Самуил (починат 1014 година), одекна не како историско-научна сензација, туку токму така како што беше и конструирана – со политичко тенденциозност спрема Македонија. Ова се нагласува во статијата со наслов „Стојков: Не е сигурно дека моштите се на цар Самуил, а Бугарија и Грција немаат ни правна основа за нивно примопредавање“, која ја објави информативниот портал „МКД.мк“

(ВИДЕО) Разбиена е криминалната и терористичка група од Скопје, кај која е пронајдено знаме на „Исламска држава“! – Кривична пријава за тројца (Видео)

МВР информира дека вчера Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со Агенцијата за национална безбедност, Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје, под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена организирана криминална група од Скопје, инволвирана во вршење на кривични дела од областа на тероризам и недозволена трговија со оружје.

Мицкоски: Во судството има измеќарско малцинство, кое им слугува на СДС и ДУИ

Говорејќи за правосудството во емисијата „Под лупа“ на ТВ „Алфа“, претседателот на Владата Христијан Мицкоски истакна дека таму, покрај огромното мнозинство чесни луѓе, постои и измеќарско малцинство, кое им слугува на СДС и ДУИ.

To top