Македонија

АХВ: Нема место за „диви“ продавачи на Бит Пазар

Во акцијата биле одземени 500 килограми храна, најмногу земјоделски производи, а биле демонтирани и отстранети сите диви тезги кои ја узурпираа пешачката патека на овој потег.

Screenshot

„Денес, во раните утрински часови, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство во координирана акција со комуналните инспектори на Град Скопје, инспектори од Државниот пазарен инспекторат и припадници на Министерството за внатрешни работи, спроведоа вонреден инспекциски надзор над двите продавачи на земјоделски производи, лоцирани долж булеварот „Крсте Петков-Мисирков“, на потегот од трговскиот центар Мавровка до Бит-пазар.Отстранети се сите диви тезги, повеќето со овошје и зеленчук“, се вели во соопштението на АХВ.

Од Агенцијата додаваат дека во акцијата биле одземени 500 килограми храна, најмногу земјоделски производи, а биле демонтирани и отстранети сите диви тезги кои ја узурпираа пешачката патека на овој потег.

Од АХВ потенцираат дека по акцијата, комуналните инспектори на Град Скопје ќе изрече казни на сторителите кои биле затекнати како на „диво“ препродаваат храна на оваа локација.

Најнови вести од: Македонија

Памер: Вториот протокол не е дел од Преговарачката рамка за Македонија (ВИДЕО)

Бугарија може да биде опомената од земјите членки на Европската Унија доколку се обиде да го користи Вториот протокол меѓу Скопје и Софија од јули 2022 година како услов за земјава за продолжување на нејзиниот евроинтегративен пат, бидејќи тој не е дел од Преговарачката рамка со ЕУ

To top