Македонија

Поплавена зградата на „Нова Македонија“

Пет до шест дена ќе бидат потребни за нормално функционирање на зградата на „Нова Македонија“, откако е утврдено дека поплавата ја предизвикала пукната топловодна цевка на вториот кат, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

Зградата на „Нова Македонија“ остана без струја. Превентивно е исклучена поради поплавата во објектот, каде што се сместени повеќе државни институции – Министерствата за образование, за Јавна администрација, за Локална самоуправа, Просветниот инспекторат, ДИК. Топловодна цевка ноќеска околу 12 часот пукнала на вториот кат во зградата, веднаш реагирало обезбедувањето и струјата била исклучена, бидејќи водата течела и по електричната инсталација.

  • Пукната топловодна цевка ја предизвикала поплавата. Ова се случило ноќеска околу 12 на полноќ, кога веднаш реагирало обезбедувањето од МВР. Уште тогаш е исклучена струјата и екипите од СОЗР почнаа со санирање. Цевката се наоѓа на вториот кат од зградата – вели Томовски.

Во објектот се активирани агрегати, но струјата нема да биде вклучена додека не се отстрани влагата и не се утврди дека електричните инсталации се безбедни.

  • Се активираа агрегатите, но целосната функција ќе се врати веднаш штом се санира влагата и се приклучи струјата. Бидејќи водата течела низ инсталациите за струја и е ризично – изјави Томовски.

Од СОЗР велат дека работат на санација и дека струјата ќе биде пуштена откако ЕВН ќе даде одобрување. Се очекува санацијата да трае пет до шест дена. Во вакви услови, објектот не може да функционира. Водата навлегла и во електрособата, а потребно е и да се исуши влагата. Екипи на јавните претпријатија и техничките служби и натаму се на терен. По испумпувањето на водата и санацијата на пукнатата цевка, ќе се врши проценка на материјалната штета.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

To top