Македонија

Во Уставен формирани два предмета за „Сејф сити“

За измените на Законот за прекршоците

Уставниот суд формираше два предмета по поднесени иницијативи во кои се оспорени измените на Законот за прекршоци, во делот кој се однесува на воспоставувањето и функционирањето на електронскиот систем за надзор во сообраќајот, во јавноста познати како проект „Безбеден град“, информираше судот.

Првата прифатена иницијатива е поднесена од пратениците Зиадин Села, Илире Даути и Елми Азири.

„Подносителите наведуваат дека за нив е спорно што со овој проект се наметнува законска обврска на сите граѓани да имаат личен телефонски број, електронска адреса, за да се остварат комуникациите и да се биде достапен при евентуална порака за прекршок. Дополнително, се тврди дека спорно е што во ниеден дел не е предвидено дека во телефонската порака или електорнска комуникација треба да се испочитува член 7 од Уставот, во насока на Законот за употреба на јазиците. Се наведува и дека сите граѓани не се ставени во иста положба, бидејќи системот се спроведува само во Скопје, Тетово и во Куманово, за што тврди дека „под лупа” е ставено албанското население кое на овие територии е во поголем број, за разлика од другите градови во државата“, информира Уставниот суд.

Подносител на втората иницијатива е Или Пачуку.

„За подносителот е спорно тоа што овој систем се применува само на територијата на градовите Скопје, Куманово и Тетово, а не во целата држава и поради тоа тврди дека има селективна територијална примена и спорен начин на кој се применува. Подносителот тврди дека идентични сообраќајни прекршоци во одредени градови се санкционираат автоматски преку електронски систем, додека во други делови од територијата на државата не подлежат на ист степен на контрола и санкционирање. Се наведува дека на тој начин се создава различен третман врз граѓаните, врз основа на географската локација. Се додава дека не е јасно по кои критериуми се избрани токму овие градови и колку долго ќе трае примената. За подносителот спорна е и т.н „пилот фаза“ бидејќи, според него е нејасна и временски неограничена“, информира Судот.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

Граѓани бараат враќање на сонцето од Кутлеш на споменикот „Судени за Македонија“

Сонцето од Кутлеш од споменикот беше избрусено во ноември 2022 година, четири години по потпишувањето на Преспанскиот договор кога Македонија презеде обврска дека ќе ја спроведе забраната за употреба на 16-кракото сонце

Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство

На средбата со унгарскиот колега, Андреш Бака, Сиљановска-Давкова се заблагодарила за принципиелната и гласна поддршка од Унгарија на македонските евроинтеграции и нејзиниот активен ангажман во рамките на „Вишеградската група“

To top