Македонија

Во Виена пронајден гроб стар 168 години на трговец од Крушево, Македонија

Во 1857 Крушево е опишано ,,од Македонија”

Сосема случајно во главниот град на Австрија е пронајден гроб стар 168 години во кој е закопан трговец од Крушево, Македонија.

Гробот го наоѓа Македонец кој живее во Виена а кој отишол на гробиштата каде лежи музичкиот генијалец Волфганг Амадеус Моцарт.

,,Дојдов на St. Marx гробиштата во Виена каде што е закопан Моцарт и најдов гроб на некој трговец од Крушево, Македонија закопан во 1857 година. Потпишан е како Peter Pappa Georg. Жена му се викала Елена Ничота”, пишува нашинецот од Виена.

На гробот за означување на трговецот кој е роден во 1800 година а починал во 1857 година се користат грчки и германски јазик.

Ничота е позната влашка фамилија која била и се уште е присутна во Крушево и Скопје.

Извор

https://x.com/jiggymkd/status/1958188425753886779?t=tUe0f63JB4lb1nRYy7RmKg&s=19

Најнови вести од: Македонија

Обвинителката која 5 години без докази го прогонува Жан Митрев ветува рационализација на предмети за да стане шефица на организиран криминал

Во правосудните кругови се шпекулира дека Хаџи Василева има поддршка од една обвинителка која е блиска на кругови блиски на кланот Заеви и дека во гласањето на обвинителите ќе бидат ангажирани мрежите на Зоран Заев во правосудството и нивните бизнис партнери

To top