Македонија

Водата во Маврово привремено не е безбедна за пиење, водоводната мрежа се чисти превентивно

Жителите на дел од Маврово привремено не треба да ја користат водата од градскиот водовод за пиење, поради превентивни активности за чистење на водоводната мрежа, соопшти Јавното претпријатие за комунални дејности „Маврово“.

Како што информираат од претпријатието, интервенцијата ќе се спроведе на потегот од селото Маврово до поштата во Маврови Анови, заради подобрување на состојбата и одржување на водоводниот систем.

Во текот на чистењето граѓаните се повикуваат да не ја користат водата за пиење, туку исклучиво за технички потреби.

Од ЈП „Маврово“ додаваат дека по завршувањето на превентивните активности ќе бидат направени потребните проверки. Потоа јавноста ќе биде навремено известена кога водата повторно ќе биде безбедна за пиење.

Најнови вести од: Македонија

To top