Македонија

Водно резервирано за 14-тото издание на „Прв до врв“

На врвот на Водно е најавена и забавна програма со храна, пијалаци, диџеј и настап на бенд во живо, по што ќе следува прогласување на победниците. Поради одржувањето на настанот, за денес е најавен и посебен сообраќаен режим кон Водно.

Водно ќе биде во знакот на спортот, рекреацијата и масовното искачување до врвот. На планината се одржува 14-тото издание на „Sparkasse Life – Прв до врв“, еден од најмасовните планински спортско-рекреативни настани во земјава, кој традиционално собира велосипедисти, тркачи, рекреативци, компании и љубители на природата.

Настанот ќе се одвива во пет категории: планинско трчање на 4,5 километри, планински велосипедизам на 9 километри, друмски велосипедизам на 11,4 километри, E-bike трка на 9 километри и тим-билдинг трката за компании „Summit Run“ на 4,5 километри.

Велосипедските трки стартуваат во 9:45 часот од Музејот на град Скопје, со летечки старт пред ОУ „Кочо Рацин“, додека трчањето и тим-билдинг трката почнуваат во 10:00 часот пред училиштето. Патеките водат преку контролните точки кај полицијата, Средно Водно и до самиот врв.

Организаторите најавуваат финишер медали за сите што ќе ја завршат трката, како и награди за најдобрите во повеќе категории во машка и женска конкуренција. Предвиден е и награден фонд од 1.000 евра за поставување нови рекорди.

На врвот на Водно е најавена и забавна програма со храна, пијалаци, диџеј и настап на бенд во живо, по што ќе следува прогласување на победниците. Поради одржувањето на настанот, за денес е најавен и посебен сообраќаен режим кон Водно.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top