Македонија

Ошлис: Македонецот Наум Охридски е европски просветител, но и дипломат, а Европа ако ја изгуби Македонија, набргу ќе се изгуби и саматата себеси! (3)

Големиот германски македонист проф.д-р Волф Ошлис силно ја застапува македонската историска перспектива и нагласува дека дејноста и традицијата на Свети Наум Охридски е дел од македонското јазично-културно и просветителско наследство. Во своите истапувања на Меѓународниот семинар за македонски јазик и култура во Охрид во изминатите години Ошлис ја ја аргументирал повеќе пати својата констатација дека Наум е еден од основноположниците на македонската култура, јазик, религија и наука, без никаква врска со други народи во Балканот. Во својот научен труд со наслов „Македонецот Наум Охридски и Германецот Регино фон Прим како европски дипломати“ Ошлис, дури, го означува македонскиот просветител и како еден од првите и тоа врвни европски дипломати, поради развиените контакти, што ги имал со тогашните владетели и видните личности од нивните царски дворови, во рамки на своето учество во тогашната Моравска мисија на македонските и сесловенски просветители Кирил и Методиј, започната во 863 година меѓу народите во Средна Европа.

Во споменатиот научен труд Волф Ошлис, покрај другото,  истакнува: Наум по етничко потекло бил Словен, јазично Македонец, граѓанско – поданик на Византија, верско – свештеник на источноримската црква, писмен и повеќејазичен интелектуалец, како ученик и придружник на Кирил и Методиј – човек со политичко и меѓународно искуство. Исто така, надоврзувајќи  се на дамнешните европски традиции на македонскиот народ, во кои била вткаена цивилизациската и просветителската дејност на Кирил и Методиј, како и на Наум Охридски и Свети Климент, Волф Ошлис посебно ќе нагласи: „Ако Европа ја изгуби Македонија набргу ќе се изгуби и самата себе!“.

Ова предупредување до Европа и Европејците германскиот експерт го изнесува во својата капитална студија „ГерМакедонија: Студии за македонско-германската заемност низ вековите“, објавена во Скопје во 2012 година. Во оваа студија Ошлис се навраќа на германските автори и хроничари од како XV и XVI век. Тој објаснува дека германските средновековни автори немале дилема за постоењето на Македонија и ја третирале како посебен, континуиран ентитет.Според тие стари европски извори, Македонија секогаш ѝ ги давала на Европа најдобрите примери за мудрост и писменост.Токму врз основа на тие историски согледувања, Ошлис ја извлекува тезата дека Македонија е толку длабоко вткаена во идентитетот на самата Европа, што ако Европа ја изгуби Македонија како геополитички, културен и историски стожер на почетоците на својата цивилизација, тогаш наскоро ќе се изгуби и самата себе.

 „Средновековните германски писатели не правеле никакво разликување меѓу древна Македонија и било која друга македонска земја. Што се однесува до нив, Македонија од секогаш постоела како посебност. Тие осознале дека Македонија и понудила на Европа најдобри примери на мудрост. Од таму, според нив, ако Европа ја изгуби Македонија, наскоро ќе се изгуби и самата себе си!“ – има напишано политичкиот научник и славист-лингвист Волф Ошлис, големиот пријател на Македонија и македонскиот народ, кој напиша серија бележити научни студии за Македонија и македонскиот народ и јазик од древните времиња се до денешни дни.

(крај)

Најнови вести од: Македонија

Македонија со стабилни девизни резерви, банките со солидна ликвидност

Во својот најнов извештај за нашата земја, меѓународната рејтинг-агенција „Фич“ ги нагласува кредибилноста и континуитетот на монетарната политика на Народната банка, како и стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор. Агенцијата оценува дека долгорочната посветеност за одржување стабилна монетарна политика, поддржана од фиксниот курс на денарот кон еврото, претставува важен фактор за макроекономската стабилност.

Ќе дадеме јасна предност на сериозни, добро осмислени и одржливи проекти, рече министерот Сулејмани за Годишните конкурси

Министерот ги повика уметниците, здруженијата, независните културни организации и сите заинтересирани апликанти да ги разгледаат условите на конкурсите и навремено да ги поднесат своите проекти.

Големата еко-акција: 30.000 граѓани засукаа ракави – ќе го чистат Скопје од ѓубре

Околу 30.000 граѓани денеска се приклучија на големата акција за расчистување на Скопје, во рамки на која илјадници сограѓани, заедно со градоначалници, претставници на амбасади, јавни личности, млади и волонтери, со заеднички ангажман придонесоа за почист и поуреден град.

Макстил донираше инструмент за новата лабораторија на ТМФ – современа опрема за идните инженери

Лабораторијата за хемиски анализи на Технолошко-металуршкиот факултет доби X-ray инструмент (XRF), дониран од Макстил и Швајцарска амбасада преку Хелветас, со кој студентите ќе можат практично да го изучуваат составoт на металите.

To top