Македонија

Вонредна вест: Летот на Визер од Скопје за Париз непланирано слетал во Брисел

Визер важи за високобезбедна компанија која одржува голем број на летови од Скопје и Охрид и досега немала сериозен инцидент

Летот на „Виз Ер“ од Скопјe до Париз, поточно аеродромот Париз-Бове, утрово непланирано слетал во Брисел.

Летот W64719 на авионот „Ербас A321neo“ кој полетал од Скопје утрово во 6 часот и 15 минути од засега непознати причини наместо во Бове слетал во седиштето на ЕУ.

Компанијата Визер засега не објавува што точно се случило но извори на expres.mk од авиобизбисот тврдат дека на овој лет се појавил проблем што предизвикал објава на меѓународниот код за итни случаи, по што дошло до пренасочување на летот кон аеродромот Брисел Шарлроа.

Авионот од Скопје слетал безбедно во Брисел, а потоа повторно околу 08:30 од таму продолжил кон својата оригинална дестинација, Бове.

Иако сè уште нема официјална потврда од „Виз Ер“ или воздухопловните власти според експерти брзото свртување и пренасочувањето сугерираат дека веројатно се должи на медицински итен случај во авионот.

Медицински состојби се честа причина за неочекувани пренасочувања без поголеми тековни проблеми.

Досега нема извештаи што укажуваат на повреди, несреќи, големи технички дефекти, безбедносни закани или други сериозни прекини на оваа рута од Скопје

Визер важи за високобезбедна компанија која одржува голем број на летови од Скопје и Охрид и досега немала сериозен инцидент.

Најнови вести од: Македонија

Заменик директорот на НП Македонски шуми донираше 200 липи за роденденот на градоначалникот на Делчево: Јас ги плаќам

Ајде да започнеме да градиме свест, а врз таа свест систем во кој ние, сите оние кои можат, место за својот џеб ќе поработиме повеќе за општото добро на нашите сограѓани

Се евакуираат Македонци од Обединетите Арапски Емирати

Според податоците на МНР до скоро 473 македонски државјани побарале помош или информации преку претставништвата во Тел Авив, Доха и Абу Даби. Од нив, 19 лица се пријавени од Израел, 106 од Катар, додека 348 граѓани се обратиле до дипломатско-конзуларното претставништво во Абу Даби. Во оваа бројка се вклучени и 18 лица од Кувајт и 12 лица од Бахреин. Има дел македонски државјани кои се двоумат дали да се вратат.

To top