Македонија

Вонредна вест: Во Скопје заловен волк кој бил чуван како домашно милениче

Дивите животни да се третираат со грижа, бара градоначалникот на метрополата

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓеорѓиевски ноќва објави фрапантна вест.

Во Скопје во вечерните часови е заловен волк кој бил чуван како домашно милениче.

,,Вечерва во една скопска населба беше заловен волк, кој очигледно бил незаконски чуван (со ремче и ланец) како домашно милениче. За случајот веднаш беа известени сите надлежни институции”, објави Ѓорѓиевски кој ме може да поверува дека постојат толку несовесни поединци кои на ваков начин третираат диви животни, а притоа ја загрозуваат безбедноста на своите сограѓани.

,,Ова не е само неодговорност, туку сериозна опасност за целата околина”, смета Градоначалникот на Скопје.

Волкот е згрижен од страна на службите на Скопската зоолошка градина, а Ѓорѓиевски очекува
институциите да ги преземат сите неопходни мерки и целосно да го расчистат случајот!

,,Во Скопје мора да има ред!
Мора да изградиме похумано, побезбедно и одговорно општество во кое законите важат за сите, а животните се третираат со грижа, а не како предмет за нечие иживување”, објави таткото на главниот град.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Владата не се откажува од изградбата на дата-центри

Владата не се откажува од идејата за изградба на дата-центри, затоа што светот и човештвото одат во таа насока и тој процес е неповратен, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Тој потенцира дека Владата не добила никаков допис од ЕУ дека се откажуваат од финансирањето и давањето грант за изградба на националниот дата-центар. Ако пристигне такво нешто, додаде, тогаш ќе може да го коментираме тоа.

Рокас: Лаен набргу во посета на регионот, за која се надевам дека ќе биде одлучувачка за евроинтеграцијата на земјата

Евроамбасадорот Михалис Рокас најави дека набргу претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, треба да го посети регионот и се надева оти нејзината посета ќе биде одлучувачки чекор кон почнување на пристапните преговори на земјата со Европската Унија.

Николоски: Градиме денес, за да оставиме посилна држава за идните поколенија!

Во 21 век напредуваат само државите што инвестираат во големи, стратешки и долгорочни проекти, напиша на својот фејсбук-профил заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Николоски: Државите кои инвестираат во стратешки проекти напредуваат во 21 век

„Во 21 век напредуваат само државите кои инвестираат во големи, стратешки и долгорочни проекти” – напиша заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Перински: Матичните лекари ќе можат да издаваат боледувања до пет дена

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Златко Перински денеска најави построги контроли на боледувањата, нагласувајќи дека до Управниот одбор ќе биде предложена предлог-измена на Правилникот за боледување, со цел да се осигура дека средства коишто ги исплаќаат стигнуваат до оние на коишто им се најпотребни, како и за да се зајакнат механизмите коишто ќе овозможат превенција на потенцијална злоупотреба на боледувањата.

To top