Македонија

Возач со автомобил изгази зеленило и дрва во Тетово

Комуналното претпријатие апелира на одговорно однесување

Jавното комунално претпријатие Тетово објави видео на кое се гледа автомобил како дивее по улица и удира во младо дрвце и уништува зеленило.

Од претпријатието нагласуваат дека ваквите постапки предизвикуваат сериозна штета врз урбаното зеленило и негативно влијаат врз изгледот и квалитетот на животната средина во градот.

„Наместо да уништуваме, да садиме. Ако секој засади само едно дрво, нашиот град ќе биде позелен и поубав“, порачаа од ЈКП Тетово.

Најнови вести од: Македонија

Несовесни поединци го претвораат Охридското езеро во депонија на автомобилски гуми, пластични шишиња, текстил, кои се вадени во акција на нуркачи!

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ го пребаруваа езерското дно на потегот од кампот Градиште до Велидаб и извлекуваа фрлени пластични шишиња, автомобилски гуми, текстил и различен цврст отпад отпад. Проектот е финансиран од Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

To top