Македонија

Возел со 3,04 промили алкохол во крвта

Веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица

На 30.12.2025 во 16:37 часот на експресниот пат Кочани-Штип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода В.А.(48) од с.Трсино, виничко.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „поло“ со винички регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 3,04 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Нема предвремени парламентарни избори оваа година, целта е редовни избори (ВИДЕО)

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата нема намера да распишува предвремени парламентарни избори во текот на оваа година и дека останува посветена на редовниот изборен циклус во 2028 година.

To top