Македонија

ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА: Дел од кровна конструкција падна врз автомобил додека се движи по улица во скопски Карпош (ВИДЕО)

Споделена е и драматична снимка, во која се гледа како дел од кровна конструкција паѓа врз автомобилот во кој се наоѓаат токму снимателите

Скопје попладнево беше зафатено од краткотрајно, но катастрофално невреме кое предизвика низа штети низ повеќе делови од градот.

Во повеќе населби летаа кровови кои беа откорнати од силните „урагански“ налети на ветер. Ветрот откорна и дрва, од кои некои паднаа врз автомобили и предизвикаа големи материјални штети.

Споделена е и драматична снимка, во која се гледа како дел од кровна конструкција паѓа врз автомобилот во кој се наоѓаат токму снимателите.

Најнови вести од: Македонија

Јанкуловски: Македонија веќе не молчи пред понижувањата од Бугарија околу македонскиот идентитет и јазик, туку бара почит од неа и ЕУ!

„Понижувањето што го трпиме од соседна Бугарија не е само последица на конфликтот околу нашиот идентитет, јазик и култура. Тоа е тактика во дипломатијата. Но, соочени со очекувањето на нови понижувања и свесни дека тие ќе продолжат, новата власт во Македонија бара почит и достоинство во односите со другите држави, и, секако, со Европската Унија. И, замислете, Македонија веќе не молчи пред понижувањата.“ – нагласува универзитетскиот професор д-р Звонимир Јанкуловски во својата колумна со наслов „Понижување и срам – време за достоинство“, која ја објави информативната агенција „Нетпрес“.

Панов: На оспорувањата на македонската историја не одговараме со зборови, туку со историски документи и проверливи факти

Институтот за национална историја денеска ги промовираше резултатите од проектот проектот „Извори за историјата на Македонија – тематска целина религија“. Оваа колективна монографија е замислена како долгорочен макропроект, структуриран во повеќе тематски целини, насочени кон прибирање и критично проучување на историската граѓа за Македонија, проширување на документарната основа и отворање нови истражувачки прашања. Ова го објави „МКД.мк.“

To top