Македонија

Вперила пушка во главата на 11-годишниот брат (ВИДЕО)

Од МВР известуваат дека од родителот било одземено огненото оружје и дозволата за негово поседување.

 

По објавената снимка на сооцијалните мрежи на која се гледа како 15-годишно девојче вперува ловечка пушка во главата на 11-годишниот брат, полицијата интервенираше во крушевското село Јакреново.

Од МВР известуваат дека од родителот било одземено огненото оружје и дозволата за негово поседување.

„Расветлен случајот од крушевско објавен на социјални мрежи, обезбедено е лицето, следува соодветна пријава

На 14.11.2025 во 13:00 часот во с.Јакреново, крушевско, полициски службеници од ОВР Крушево од Ф.А.(44) од с.Јакреново одзедоа ловечка пушка, ременик и дозвола за поседување оружје. Имено, претходно беше пријавено дека на социјална мрежа беше објавено видео на кое се гледа дека 15-годишно девојче вперува огнено оружје кон главата на својот 11 – годишен брат.

По преземени мерки беше утврдено дека настанот се случил во неговиот дом и беа направени консултации со јавен обвинител, оружјето е одземено и по целосно документирање на случајот против Ф.А.ќе биде поднесена соодветна пријава“, информира полицијата.

Најнови вести од: Македонија

„Граматиката“ на Блаже Конески од 1952 – силен научен противудар кон бугарско-грчките негирања на македонскиот јазик!

„Корените на нашиот денешен литературен јазик се впиваат во наследството на писменоста, што од векови наваму носи во Македонија самобитно јазично обележје.“ – има напишано, покрај другото, еден од архитектите на македонскиот национален идентитет и на македонскиот јазик Блаже Конески во уводот на својата „Граматика на македонскиот литературен јазик“, објавена на денешен ден, на 13 октомври 1952 година. Издавањето на ова дело е еден од најзначајните датуми не само во јазичната, туку и националната историја на македонскиот народ. Најголемиот пораз за негаторите на мајчиниот јазик на Македонците е фактот што „Граматиката“ веднаш добива меѓународен легитимитет од најугледните светски лингвистички умови и од светските славистички центри: таа е веднаш прифатена од водечките слависти во Франција (Андре Вајан), Русија, Германија и САД. Речиси истовремено со Конески американскиот професор од Универзитетот Харвард Хорас Лант ја објавува својата прва македонска граматика на англиски јазик .Светската наука уште во 50-тите години од минатиот век ја затвори расправата, која денес сѐ посилно, но и сѐ почајно особено Грција и Бугарија се обидуваат повторно да ја отворат со политички фалсификати.

To top