Македонија

Вработени на Урологија: Без ајфони можеме, пациентите без клими не можат

Апелираат сите клиники да го следат примерот односно да се откажат од субвенциите за обезбедување нови мобилни телефони и со средствата да го купат тоа што им е неопходно за подобрување на условите за пациентите

 

Ова за МИА го истакнаа од Универзитетската клиника за урологија, која има реновирана болничка инфраструктура, реализирани проекти за подобрување на условите за работа, унапредување на медицинските услуги и подигнување на квалитетот на грижата за пациентите.

Вработените на оваа Клиника не ги искористија субвенциите од одредена компанија за да си обезбедат нови службени мобилни телефони, во вредност од 500.000 денари, туку наместо тоа, со тие средства купија две машини за перење алишта и 18 клима уреди за сите болнички соби. Овој чин, според раководството на Клиниката, е суштинска посветеност за доброто на пациентите.

Директорот на Универзитетската клиника за урологија, Башким Шабани за МИА изјави дека наместо нови мобилни телефони за вработените одлучиле од истата компанија да земат клима уреди и машини за перење алишта.

„ Со оглед на тоа што на Клиниката летно време е многу топло и нема клима уреди за пациентите одлучивме дека ќе се откажеме сите од мобилни телефони за да има клима уреди и машини за перење. Реално имавме голема потреба и од машини за перење и од клими. Тоа е еден добар гест. Тие бенефиции Клиниката ги имала 20 години наназад, меѓутоа можеби порано немало идеја не им текнало, а ние заедно седнавме го размисливме тоа и одлучивме вака да ги пренамениме средствата“, истакна д-р Шабани.

На прашање кој бил нивниот мотив, рече дека мотивот бил тоа што во летен период на температура над 40 степени Целизиусови пациентите на Клиниката биле без клима уреди.

Вели дека се одлучиле на тој чекор кој е добар гест за пациентите.

„Можеби ние ќе имавме некоја ситна бенефиција, меѓутоа за нас тоа беше незначајно и се одлучивме на тој чекор“, вели д-р Шабани.

 

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top