Македонија

Вработените во „Паркови и зеленило“ добија плата, но не и нивните колеги

Вработените во Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ и фирмите ќерки „Флораком“ и „Луна“ денеска излегоа повторно на улица и блокираа неколку крстосници во Град Скопје, со цел да го изразат своето незадоволство за доцнењето на платите за месец август.

Вработените во „Паркови и зеленило“ добија плата, кои заедно со нивните колеги од Флораком и Луна, 2 часа ги блокираа булеварите Илинден и Партизански одреди. Си ја бараа августовската плата и здравственото осигурување – без кое останаа од денеска. Притисокот попладнево даде резултат, платата им беше испалтена но само на вработените во Паркови и зеленило. Останатите – утре ќе продолжат со протест на булеварот Илинден.

Покрај плата, вработените бараат и додатоци на плата, регрес за годишен одмор, јубелејни награди, како останатите вработени во јавните институции. Ова не е прв пат вработените овие јавни претпријатија да останат без плата. Во август протестираа за неисплатена јулска, која ја добија на крајот на месецот.

Од Сојузот на синдикати на Македонија, пак информираа дека веднаш по завршување на блокадите, платата за месец август им била исплатена само на вработените во „Паркови и зеленило“, додека вработените во фирмите ќерки „Флораком“ и „Луна“ се уште не го добиле својот надоместок. Доколку не им биде исплатена платата и на останатите вработени, блокадите ќе продолжат и во наредните денови.

Најнови вести од: Македонија

Градоначалникот на Кичево Јовановски со новогодишна порака заеднички да се продолжи напред со многу позитивна енергија!

„За прв пат во Кичево новогодишната ноќ ја дочекавме заедно сплотени, насмеани и исполнети со надеж и покрај значително студеното време. Ова не беше само прослава, туку почеток на една нова традиција, која ќе ја негуваме и ќе ја правиме уште поголема и уште подобра, поорганизирана.“ – објави градоначалникот на Кичево Александар Јовановски на својот […]

До 5 јануари пријавување за субвенциониран студентски оброк

Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, но и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и приватните универзитети во државата.

To top