Македонија

Вреди: Агата Али Ахмети и милионерите од криминалното раководство на ДУИ –Соравија немаат морална доверливост да говорат во името на Албанците!

Партијата ДУИ-„Соравија“ и милионерите создадени преку ноќ е последната што може да зборува за албанскиот интерес. Тоа се луѓето кои 20 години живееја во политички агалак на грбот на Албанците. Јадеа, пиеја, се богатеа, градеа коцкарски и бизнис империи и се однесуваа како државата да е нивна приватна сопственост, додека на Албанците им оставија само измами, пропаганда и лажен патриотизам, нагласува партијата Вреди во своето соопштение.

Натаму во ова соопштение се наведува: Токму оваа политика на агалак беше изградена од Али Ахмети. Со години создаваше поделби меѓу Албанците, ги делеше на послушни и непријатели, ја претвори власта во семејна и партиска привилегија и цело време го фрлаше каменот, па ја криеше раката. Кога Албанците беа тепани – молчеа. Кога албанските бизниси се палеа – молчеа. Кога албанските момчиња и девојки беа апсени – молчеа. Кога Албанците бараа правда – овие правеа политички пазари. На крајот, отидоа дотаму што дури и студентот го користеа како политичка отскочна даска за перење на образот на ликови како Муса Џафери и Блерим Беџети.

Али Ахмети и Бујар Османи уште не можат да се соземат од поразот во Чаир. Толку многу ги боли што се опседнати со Изет Меџити и се обидуваат да му наштетат со разни конструкции и манипулации. Тој е нивниот најстрашен политички кошмар. Ниту едно избрано или именувано лице од страна на Вреди не може од сегашното криминално раководство на ДУИ-Соравија да се става во било каков коруптивен контекст.

Во 22 години власт со СДСМ и ВМРО, Албанците се изнагледаа и изнаслушаа стотици примери за фотелјашите на ДУ,И кои безобразно си полнеа приватни џебови со народни пари, додека јавно им беше полна устата со лажни приказни за реализирани права на Албанците од Охридскиот рамковен договор. Колку подолго остануваат во опозиција, толку подобро им е на Албанците, се вели во соопштението на ВРЕДИ.

Најнови вести од: Македонија

Почина 72-годишен скопјанец од западнонилска треска в болница

Седумдесет и двегодишен скопјанец почина по компликации од западнонилска треска, соопшти денеска директорот на Инфективната клиника во Скопје, Фадил Цана. Пациентот бил со тешка клиничка слика на менингоенцефалитис, а уште при приемот во болница бил во тешка општа состојба.

(Видео): Со синовите бевме на научнообразовна екскурзија во Белгија, рече премиерот за еднонеделното патување

„Јас не сум љубител на големи годишни одмори со солена вода, со песочни плажи итн. и си рековме – екскурзијата да ја прошириме и тоа да биде научнообразовна екскурзија во Белгија“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Пронајдени вооружени луѓе во строго-заштитено подрачје на Пелистер

Ренџерската служба на Националниот парк „Пелистер“, во соработка со СВР Битола, спровела повеќечасовна акција за пронаоѓање лица вооружени со огнено оружје, кои навлегле длабоко во територијата на паркот.

Кисела вода добива сè повеќе првачиња

Градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, рече дека изградбата на салата во Припор е реализација на долгогодишно барање на жителите. Таа нагласи дека проектот е реализиран во соработка со Владата и Министерството за образование.

To top