Македонија

ВРЕДИ: Ахмети се плаши од темпераментот на Груби

Судењето можело дополнително да го намали рејтингот на ДУИ

По вчерашното одржување на првото судско рочиште против Артан Груби, сè погласно се поставуваат прашања што се случувало зад сцената и дали постоеле обиди процесот да се заврши преку спогодба со Обвинителството. На ова укажуваат од партијата „Вреди“.

Од таму тврдат дека Груби бил убедуван да прифати спогодба, да признае вина и да добие полесна санкција, со што би ставил крај на сите амбиции да го предводи ДУИ.

„Наводно, Артан Груби бил убедуван да склучи спогодба со Обвинителството. Да прифати вина, да добие далеку полесна санкција, но и со тоа да стави крај на сите амбиции да го предводи ДУИ.

Според нашите извори, Али Ахмети проценил дека судењето е многу ризично, бидејќи темпераментот на Груби е таков што тој може преку медиумите да го разјадува рејтингот на ДУИ.

Груби дури веќе имал договорени интервјуа бидејќи бил уверуван дека нема да има обвинение, па потоа непријатно се изненадил.“

Според „Вреди“, продолжувањето на мерката куќен притвор претставува дополнителен притисок врз Груби да се согласи на спогодба уште пред судењето целосно да започне.

Тие посочуваат и дека адвокатите на повеќето обвинети во случајот се правосудните „играчи“ од времето на Груевски и Мијалков. Ова, според нив, е сериозен сигнал дека во ДУИ се спушти гардот и се игра со сите можни средства.

„Останува дилемата зошто не се обезбедува присуството на првиот соработник на Груби, Перпарим Бајрами.

Дали заедно со преквалификацијата на делото му се дава уште една порака на Али Ахмети за сите твои матни игри има контраудар?

Конечно, ниту Бујар Османи не бил многу среќен затоа што на одредени меѓународни адреси му ја прочитале играта зад брифинзите.

Јасно е дека за мафијашкото политбиро во ДУИ допрва доаѓаат тешки денови.“

Најнови вести од: Македонија

To top