Македонија

Вреди бара одговор и одговорност од Таравари: Каде исчезнаа 7 милиони швајцарски евра за водата во Гостивар?!

Коалицијата ВРЕДИ упати серија обвинувања кон Арбен Таравари, тврдејќи дека неговите сегашни изјави се во спротивност со ветувањата што ги давал додека бил на чело на Општина Гостивар. „Каде исчезнаа 7 милиони евра помош од Швајцарија?“ – прашуваат од ВРЕДИ, додавајќи дека граѓаните заслужуваат целосна транспарентност и отчетност.

Од ВРЕДИ посочуваат дека Таравари во минатото ја обвинувал тогашната власт за негрижа и за проблемите со водоснабдувањето, додека денес, според нив, тврди дека го решил проблемот со водата во Гостивар „за наредните 100 години“. Коалицијата наведува дека не се реализирале ниту најавените два големи резервоари за вода, кои, како што велат, биле ветени во 2022 година со финансиска поддршка од Швајцарија.

„Каде исчезнаа 7 милиони евра помош од Швајцарија?“ прашуваат од ВРЕДИ, додавајќи дека граѓаните заслужуваат целосна транспарентност и отчетност. Во соопштението тие оценуваат дека граѓаните немаат потреба од оправдувања, туку од безбедна вода за пиење и институции што ќе функционираат ефикасно.

ВРЕДИ бара целосна одговорност од сите функционери кои, според нив, потфрлиле во заштитата на јавното здравје и инсистира целата вистина за случајот да биде целосно разјаснета. Коалицијата додава дека Арбен Таравари треба да одговори пред граѓаните со истите стандарди што, како што велат, претходно ги барал од своите политички противници.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

To top