Македонија

Вреди до Ветвендосје и Курти: На изборите на Косово постигнавте победа на вредностите, што нѐ обединуваат како Албанци каде и да сме

Коалицијата Вреди им упати честитка на партијата Ветвендосје (Самоопределување) и на неговиот лидер и премиер на Косово Албин Курти за „плебисцитната победа на изборите во Косово“, која, како што се наведува, „не е само во обични бројки, туку е и морална, историска и национална победа.“


Информативниот портал на албански јазик „Алмакос“ наведува: Вреди порачува дека гледа на победата на Ветвендосје (Самоопределување) и на Албин Курти како на победа на вредностите, кои „ги обединуваат Албанците каде и да сме: правда, суверенитет, развој и национално достоинство“.

„Тоа е силна порака за целиот регион дека кога народот не се откажува, историјата се менува. Честитки, Косово! Честитки, Албин Курти! Честитки до Албанците на секој агол, насекаде!“ – се наведува во соопштението на коалицијата Вреди.

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top