Македонија

Вреди ги критикува протестите: Организаторите се запалени активисти на ДУИ, се манипулира со студентите, заради политичко враќање на истрошени личности!

„Вреди реагира на студентските протести, обвинувајќи дека се водени од политички интереси поврзани со функционери на ДУИ! Според реакцијата, партијата смета дека е парадоксално тоа што луѓе, блиски до поранешната влада, протестираат за проблеми кои, според нив, не биле решени за време на 22-годишното владеење на ДУИ“ – објави денес информативниот портал „Порталб“ од Скопје.

Порталот натаму изнесува: „Вреди објави и видео со фотографии од организаторите на протестот, вклучувајќи ги и нивните слики заедно со функционери на ДУИ, наведувајќи дека имаат политички врски меѓу нив. Вреди смета дека студентите заслужуваат вистински решенија, а не, како што велат, политичка манипулација со протестите. Во реакцијата се наведува дека никој не е против правото на студентите да протестираат, но се нагласува дека постојат сомнежи кога, според Вреди, студентските каузи се користат за политичко враќање на истрошени личности.“

„Денес се случува политички парадокс: луѓе, кои со години ги контролираа институциите, сега протестираат преку своите деца за проблеми, што самите никогаш не ги решија. Кога ДУИ имаше министри, заменици и апсолутна власт, зошто молчеа за овие неправди? Никој не е против студентскиот протест. Но, кога студентските каузи се користат за политичко враќање на истрошени личности, тогаш граѓаните имаат право да бидат сомничави. Студентите заслужуваат решенија, а не политичка манипулација.’ – се вели во реагирањето на Вреди.“ – објави „Порталб“.

Најнови вести од: Македонија

Пијанистот Андреј Цековски (11) блесна во Њујорк: златен медал на престижен меѓународен натпревар!

Њујорк беше сцена на уште еден голем успех на младиот македонски пијанист Андреј Цековски. На само 11 години тој го освои првото место на меѓународниот натпревар „International Youth Music Competitions“. Признанието го прими на свечениот концерт на победниците. Ова го објави „Скопје1.мк’.

Утре започнува четвртото издание на „Taste the South“ на нова локација во Гевгелија

Утре, 11 септември, во Гевгелија започнува четвртото издание на гастрономско- музичкиот фестивал „Taste the South“. Во текот на три фестивалски дена, посетителите ќе имаат можност да уживаат во традиционални вкусови, локални гастрономски производи, вина, музика и програма наменета за сите генерации

(Видео): Нула денари од Буџетот за прославата за независноста, за разлика од 8,2 милиони евра „во воздух“ кај Груби и Бајрами, велат од Владата

На Државна лотарија ѝ било укажано да обезбеди средства од нераспределената добивка предвидена за 2024 година во висина од 300 милиони денари за спонзорирање на настаните како и да објави јавен повик за прибирање на понуди за реализација на спонзорираните настани.

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести сe згрижени шест пациенти

Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека епидемијата на западнонилската треска стивнува, за што говорат податоците дека во последните две седмици има по два нови случаја, а и на Клиниката за инфективни болести моментно се згрижени шест пациенти, од кои само двајца се во потешка состојба.

Најнови вести

To top